2win800x200

Потпишан договор за реконструкција на улица „Партизанска“

Ноември 01, 2019

Општина Битола потпиша договор за реконструкција на улицата „Партизанска“ на потегот од кружниот тек кај маркетот „Веро“ па сѐ до улицата „Методија Андонов- Ченто“. Изведбата ќе чини над 19 милиони денари, а изборот на фирмата бил направен по пат на електронска аукција уште на 25 септември годинава.

 

„Потпишани се низа договори. Тоа се потпишани договори на процес кој траел претходно и нивната активност не сакам да биде поврзана со предизборниот период за кој не знаевме до скоро кога беше објавен. Факт е дека сите тие активности се изведуваа и склучувањето на договорите беше некаде во завршница, а некаде веќе завршено“, рече градоначалничката Наташа Петровска.

Во следните денови ќе соопшти за кои други улици потпишани се договори за реконструкција.

Ж.З.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани