АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Српската поп ѕвезда, Јелена Томашевиќ, пред вечерашниот концерт на фестивалот „Музика од светот“ во Битола, прошета по Широк Сокак и се пофали со фотографија на инстаграм под која напиша : „Ако одам во Битола ќе прошетам по Широк Сокак“, стих од една од најпопуларните песни за Битола чиј автор е Петар Георгиев Калица.
Исто така ја посети Спомен куќата на Тоше Проески во Крушево и објави фотографии под кои напиша „Нека ти е вечна слава ангеле“.
Таа со своите фанови сподели и дека ги посетила и родителите на Тоше, како и неговиот најдобар пријател
„Се запознав денес со родителите на Тоше, прекрасни луѓе, домаќини. Ме дочекаа со таква љубов ,тоа ме трогна. Се сретнав и со најдобриот другар на Тоше од Крушево. На крај, кога се поздравуваме, отиде до неговата куќа, ја изваде сликата од ѕидот во својата соба и ми ја подари мене. Секој збор понатаму е вишок, напиша Јелена на инстаграм.
Таа вчера засади дрво пред Центарот за култура во Битола
Е.М.