2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Голем број домашни и странски компании заинтересирани за изградба на пречистителна станица во Битола

Декември 17, 2019

 Над  45 домашни и странски фирми кои пројавиле интетесререс за постапката за изградба на пречистителна станица, како и реконструкција и надградба на канализационата мрежа во Општина Битола, денес имаа можност на терен да извршат увид на локацијата каде што треба да се изгради пречистителната станица и колекторскиот систем, информираат од Општина Битола

-Со рехабилитацијата и доизградбата на канализационата мрежа и заокружувањето на процесот со прочистувањето на урбаните отпадни води, со изградбата на Пречистителната станица, се решаваат долгогодишните проблеми предизвикани од директното испуштање на водите во реката Драгор и Петтиот канал. Завршувањето на изградбата на планираните објекти кои се дел овој проект ќе придонесе за решавање и на голем број од проблемите кои беа честа појава и при мали врнежи, а како последица на загушувањето на канализацијата, се вели во соопштението од Општината.

Крајниот рок за доставување на понуди за оваа постапка која на 11  ноември ја објави Министерството за финансии  е 10.02.2020.

Вкупната вредност на овој проект кој е финансиран од ИПА 2 Програмата изнесува 27,8 милиони евра.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани