2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Владата даде зелено светло за изградба на пречистителна станица во Битола

Март 06, 2018

Владата ја усвои информацијата за реализација на проектот „Изградба на Пречистителна станица за отпадни води и рехабилитација и проширување на канализационата мрежа во Општина Битола“.

 

Министерството за животна средина и просторно планирање до Секретаријатот за европски прашања треба да достави ИПА апликација за проектот, а потоа СЕП апликацијата да ја достави до Делегација на ЕУ во Скопје и истата да се препрати до Европската комисија во Брисел.

Како што информиравме, обезбедени се приближно 29 милиони евра за изградба на пречистителна станица и колекторски систем во Општина Битола, такашто  85 проценти од средствата се обезбедени преку ИПА фондовите, а 7,5 милиони евра од Владата на РМ.

Општината од својот буџет обезбеди 17 милиони денари за експропријација на земјиштето, постапка која ќе заврши до крајот на март годинава.

-Во пролетниот период треба да се објави јавна набавка за избор на ревизија на проектот, надзор и изведувач, а до крајот на годината да се потпишат договорите за изградба и ќе започнат активностите. Согласно предвидената проектна динамика, Општина Битола до крајот на 2020 година или најдоцна до почетокот на 2021 година, треба да добие пречистителна станица со која е предвидено собирање и третирање на отпадните води во Битола и околината“, соопшти Општината на почетокот на оваа година .

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани