2win800x200

Клуб на пензионери отворен во Буково

Јануари 04, 2020

Во битолското дело Буково вечерва беше отворен Клуб на пензионери.

Просторијата која е сместена во објект на средсело, сопственост на Општината,  комплетно е реновирана со помош на Здружението на пензионери од Битола и од пари собрани од донации.

received 722596578229572

-Членовите на Здружението на пензионери во овој Клуб ќе можат да минуваат дел од своето слободно време. Во наредниот период ќе отвориме вакви клубови и во урбани и рурални месни заедници, се разбира таму каде што има можност, а Здружението на пензионери заедно со локалната самоуправа ќе помагаме во тоа, изјави Томе Димитровски, претседател на Здружението на пензионери од Битола
 
 received 2600625150171842
Претседателот на огранокот во Буково, Борис Кушовски јавно се заблагодари за поддршката и на локалната самоуправа и на Здружението на пензионери кои помогнаа да се адаптира и да се опреми просторојата во која е сместен Клубот на пензионери
received 848284198936797
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани