АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во пресрет на новогодишните и божиќните празници ,градоначалникот на општина Новаци Љубе Кузманоски додели 100-тина новогодишни пакетчиња на дечиња од општината и посети семејства од социјално ранливи категории подарувајќи им вредносни ваучери.
Во предновогодишната активност учествуваше и претседателот на Совет на општина Новаци ,Наумче Смилевски.
Дел од новогодишните пакетчиња наменети за социјални семејства беа донација од Синдикалната организација на АД ЕЛЕМ .
" Традиционално во пресрет на новогодишните и божиќните празници како локална самоуправа обезбедуваме новогодишни пакетчиња за сите ученици од основното училиште Славко Лумбарковски , Центарот за Ран детски развој Бамби ,социјално ранливи категории на семејства а посебно обрнавме внимание и на дечињата од малите населени места кои не добиваат пакетчиња од никаде".И оваа година се потрудивме да израдуваме многу дечиња бидејќи нема ништо поубаво од чиста детска насмевка и среќа.Посетивме и многу социјални семејства каде им подаривме вредносни ваучери со цел барем за момент да внесеме радост во нивните домови .Воедно на сите дечиња од општина Новаци им посакувам да имаат среќно и безгрижно детство и Новата година да им донесе многу игри и детски насмевки."-истакна градоначалникот Кузманоски.