2win800x200

Планинарката Илинка Ристевска го најде парето, планинарите вртеа мазник

Јануари 12, 2020

Планинарката Илинка Ристевска,  е годинешниот среќник кој го најде парето во мазникот што го вртеа членовите од Планинарско-спортскиот клуб „Пелистер“ од Битола. Околу педесетина планинари денес во помошните простории на Копанки вртеа сукан мазник со паричка за среќа во пресрет на православниот празник Василица. Ова е традиција која битолските планинари ја практикуваат речиси  80 години, мазникот со паре наместо по градските кафеани да го свртат на планина.

Со години, парето се вртело во планинарскиот дом „Копанки“, но откако тој изгоре и уште не е обновен, обичајот се прави во други простории или на отворено, но важно да е на Пелистер. Годинава при вртењето на мазникот планинарите си посакаа в година празникот да го чекаат во обновен планинарски дом „Копанки“.

 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани