2win800x200

Во Битола казни за ширење лажни вести

Битола на времето се штитела од лажни вести и озборувања со казни. Некаде пред стотина години кога градот бил под српска власт било забрането да се озборува и да се шират невистини. За ова сведочат написи од тогашниот весник „Битољске вести“, во кого пишува дека полицијата презела енергични мерки да го фати секој оној кој измислувал и растурал неточни гласови низ градот.

 

Исечоци од весникот „Битољске вести“ ( благодарност до блогот Бабам Битола)


Во весникот пишува дека секој ден низ Битола се разнесувал по некој лажен глас. Тоа го правеле патници кои навраќале во градот, но понекогаш гласините излегувале од како што пишува „овдешни кујни“. Кога гласовите еднаш ќе се пуштеле во јавност, ревносно се разнесувале . Властите утврдиле дека го реметат редот и мирот во градот, па одлучиле да ги замолкнат озборувачите со казни.

Нема информации колку им била успешна акцијата и колку луѓе казниле за да не шират вести. Но, претпоставуваме дека ја изгубиле битката зашто информацијата не може да се сопре. На момент човек би помислил колку ваквите мерки би биле полезни во денешно време кога врие од лажни, непроверени вести и спинови. Сепак, тоа би биле репресивни мерки за замолкнување на мислата, а нашиот портал јасно се залага за слобода на говор. Токму затоа веста ви ја пренесуваме само како интересен податок од историјата на Битола.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани