АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Беше почеток на пролетта, март 1973 година, возилата доаѓаа на железничката станица во Битола. Пратката беше со четири „застави 750“ или народски познати како „фиќа“. Јас имав уплатено „застава 750 делукс“, но поради тоа што во таа пратка не пристигна верзија декукс зедов обична „750-ка“.
Паметам, првата регистрација на моето „фиќо“ беше BT-233-53.
Иако ново, веднаш започнав со промена на изгледот на самото фиќо. Прво се извадија предниот и задниот браник, после тоа следуваше промена на ауспухот со лонец со две директни издувни грани.
Преку здружение на возачи во тоа време во Битола се одржуваа временски авторели трки.Тие се возеја до Охрид, до Прилеп, до Градско и други релации. На тие такмичења секогаш бев помеѓу првите три места. Наградите беа симболични пегли, миксери...
Во тој период се правеше и спуштање на каросеријата на „фиќата“, со вадење на еден лист од предниот федер, а на задните спирали се сечеше еден круг. Беше поставен ролбар од едно скопско „фиќо“. Потоа следуваше замена на воланот со поставување на „Abarth”волан купен од Италија. Се поставуваа и италијански амортизери „Koni”.
Летото 1973 се заминав во Бугарија. За бугарите „фиќото“ беше интересно како спортско возило, прашуваа за него и љубопитно го гледаа.
Наредната година почнаа брзинските трки преку Автомото сојузот на Македонија на кои учествував. Се возеа на Галичица, до Крушево и Водно.
На тие трки возев во класата 750, но конкуренцијата беше многу силна бидејки скопските конкуренти доаѓаа со доста добро опремени возила. На тие натпревари имав успех од трето до петто место.
Во тој период преку АМС и Здружението на возачи на Македонија беше организирано авто рели, во кое зедоа учество околу 200 возила во сите категории, а кое се возеше два дена. На тоа натпреварување во 1976-та година бев првак во категоријата на „фиќа“ и првак во сите категории. Пехарите беа големо задоволство, а нивното доделување беше на езерото Младост во Велес.
Кога се возеа брзинските трки неможејки да му парирам на скопксите фиќа купив нов мотор 750S, така да сите тие трки се возеа со тој мотор. Затоа што не ја познавав мотористиката и механичарките работи припремите за трките на фиќото ги правеа моите другари Драган Николовски-Ашлата и Љубчо Илиевски-Коцкарот.
Потоа следуваше поставување на предни седишта од автобус, тапацирани со црн скај, а задните седишта беа исфрлени за налик на двосед.Тоа „фиќо“ ги помина мостовите на Будимпешта, неколку пати до Истанбул,а најголемата турнеја беше до Краков, Полска, кога Полска беше во најголемта криза пред доаѓањето на Лех Валенса.
Црвениот пасош во периодот 1973-1983 имаше големо значење, но не беше дозволен влез со автомобил во Советскиот сојуз, турнеја која имав желба да ја направам.Последната трка која требаше да ја возам на Водно на 29ти Ноември 1980/81 година беше одложена, пробните трки беа извозени, а главната трка поради снег не се одржа.
Во скоро време беше најавено дека во Крагуевац ќе се направи мермерен споменик на „фиќото“, на кој настан бев најавен за учество но од нејасни причини проектот е одложен.
Цел овај период траеше до 1983 година кога се женив и се падна во вода.
„Фиќото“ седеше во мојот двор наредните 10 години. Се што беше убаво од него беше дадено на љубители на „фиќа“, а каросеријата заврши на битолскиот отпад.
Автор: Велчо Петровски- Папал