Webp.net gifmaker

Решен проблемот на дуќанџиите со облека и обувки од македонско потекло-купувајте со картичката „КУПУВАМ ДОМАШНО“

Јуни 23, 2020
Купувајте облека и обувки од македонско потекло  со  платежната картичка „КУПУВАМ ДОМАШНО“. Владата на 71 седница направи измени и дополнување каде се може да се купува со платежната картичка  „КУПУВАМ ДОМАШНО“.
Така  денеска по објавувањето на  владината одлука во Службен весник со овие картички може да купувате и во продавниците за облека, текстил, обувки, спортски производи, мебел, расвета... од македонско потекло, што не беше дозволено досега.
 
Сопственици на продавници за облека, текстил и чевли од македонско производство од Битола, денес се обратија до  редакцијата на Апла.мк  со реакција до владата зошто тие не се ставени на листата на дејности во кои може да се користат домашните платежни картички. Иако во нив најголем дел од асортиманот го сочинуваат производи кои според Службен весник влегуваат во "македонски производи", нив ги немаше во уредбата на владата во која се наведени местата во кои може да се користат средствата од картичките  „КУПУВАМ ДОМАШНО“. Прашуваа зошто со уредбата од Службен весник дозволено е плаќање "на тезги и пазари со текстил, облека и обувки" а истото е оневозможено во продавници.  Од утре ситуацијата се менува и во корист на  граѓаните и во интерес на дуќанџиите.
 
105369300 571572076881947 863502984481732511 n
 
Во продолжение измените што ги донесе Владата на 71 седница.    
Владата ја измени и дополни Уредбата со законска сила за финансиска поддршка на граѓани и вработени лица со низок доход, млади лица и здравствени работници преку издавање на домашна платежна картичка наменета за купување на македонски производи и услуги за време на вонредна состојба со која правните и физички лица во објектите за трговија на мало се должни да обезбедат посебно обележани рафтови, гондоли и слично, со ознаката „КУПУВАМ ДОМАШНО“ на кои ќе бидат изложени македонски производи за продажба на лицата корисници на финансиската поддршка од оваа уредба со законска сила, или да ги означат со видна ознака/етикета/налепница „КУПУВАМ ДОМАШНО” заради нивно лесно препознавање.

Согласно Уредбата, за прометот на македонски производи и услуги, правните и физички лица издаваат фискална сметка која задолжително содржи линија за вкупен промет остварен од македонски производи со текст „промет од македонски производи“, пресметан данок на додадена вредност од македонски производи прикажан по даночни стапки и вкупен износ на данок на додадена вредност од македонски производи.

Уредбата ги задолжува правните и физички лица вршители на стопанска дејност што вршат оn-line продажба преку интернет страници посебно да ги издвојат македонските производи и услуги и да ги означат со видна ознака/стикер „КУПУВАМ ДОМАШНО”, како и да постават известување на видно место на насловната страна на интернет страницата, како и на страната за плаќање, со кое ги известуваат купувачите дека со домашната платежна картичка може да плаќаат само македонски производи и услуги кои се означени со ознаката „КУПУВАМ ДОМАШНО”.
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2020 АПЛА.мк. Сите права се задржани