2win800x200

Пристигна опремата за киното "Манаки"

Јуни 30, 2020

Пристигна  кино опремата која е потребна за киното "Манаки"да биде ставено во функција.

Набавката на оваа опрема е дел од проектот КИНОКУЛТУРА кој се реализира во рамките на ИПА програмата за прекугранична соработка со  Грција.  Вредноста на проектот изнесува 64 215 евра.  

Со овој договор се набавува: проектор, проекционо платно, аудио опрема, лап топ, кабелска инсталација и друга опрема. Во договорот предвидена е испораката на опремата, инсталацијата, обука на персонал кој ќе ракува со неа, како и пост продажна услуга за кино опремата, која е адекватна за проекции во отворен и затворен простор.

За ентериерно уредување на киното Манаки, обезбедени се 7.616.554, 00 денари преку Министерство за култура, за капитални инвестиции до единиците за локална самоуправа за 2019 година.

Иако, поради состојбата со КОРОНА вирусот проектните активности малку се пролонгираа, сепак истите се реализираат и комплетната опрема се набавува, согласно предвидените рокови.

Со проектот Кинокултура, финансиран од ИПА програмата на ЕУ,  предвидено е ставање во функција на туристички информативен центар, за чие опремување наскоро ќе биде објавена тендерска постапка.

Во исто време, Општина Битола е пред склучување на договор за изработка на студија за валоризација на културно историското наследство во прекуграничната област, а во фаза на евалуација е постапката за изработка на дигитална мапа и 3Д виртуелна презентација и интерактивна веб апликација за истражување на културно – историските споменици во Битола.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани