2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Научен собир на тема "Академски такт за фолклорот и етнологијата" по повод 60 години МНД и 50 години "Илинденски денови"

Јули 13, 2020

 

Македонско научно друштво-Битола во соработка со НУ Центар за култура-Битола, на 29 јули организираат стручно-научен собир на тема „Академски такт за фолклорот и етнологијата“. Повод за организација на собирот се два големи јубилеи, 60 години од формирањето на МНД-Битола и 50 години од одржувањето на првото издание на Републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“.
На претстојниот стручно-научен собир организаторот ќе промовира посебно издание на стручно-научното списание „Прилози“ со 18 трудови чии автори се: проф. д-р Владимир Јаневски, проф. д-р Марјан Танушевски, проф. д-р Борис Ангелков, проф. д-р Менде Солунчевски, д-р Лили Бошевска, м-р Валентин Соклевски, м-р Благојче Трајковски, Вера Стојчевска Антиќ, Славе Николовски Катин, Христијан Николовски, Љупка Стефановска, Тијана Јаневска, Бојан Петковски, Дени Синадиновски, Александар Стефановски, Александар Тодоровски, Анета Стојчевска, Силвестер Проле и Елизабета Јончиќ.
 
Како што е познато, првиот научен собир на тема „Фолклорот и етнологијата на Битола и Битолско“ се одржа во 1980 година, а го организираа ДНУ-Битола, УНК „Илинденски денови“ и Македонската академија на науките и уметностите-МАНУ, а годинава по 40 години пауза, повторно ќе се одржи овој стручно-научен собир.
 
Проектот „Академски такт за фолклорот и етнологијата“ е поддржан од Министерството за култура како проект од национален интерес во културата за 2020 година.
 
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани