2win800x200

Промовиран Битола Старт-ап центарот со кој ќе се намалува невработеноста и ќе се зајакнува претприемништвото

Октомври 20, 2020

Битола Старт-ап е првото локално партнерство за вработување што се реализира со финасиска поддршка од Европска унија. Битола е единствена Општина, избрана помеѓу 12 апликации од различни општини, која го имплементира овој пилот проект.

Под водство на Локално економскиот Совет во Општина Битола, партнерите (Општина Битола, Младински културен центар-Битола; Фондација за одржлив економски развој ПРЕДА плус; Техничкото училиште „Ѓорѓи Наумов“; Регионална Комора Битола; Агенција за вработување Битола; Интерворкс Едукативен Центар – Битола; Универзитет “ Св. Климент Охридски“) ќе спроведат активности за поголема вработливост во Пелагонискиот Регион и поддршка на претпримеништвото

-Битола старт-ап поттикнува иницијативност младите луѓе да останат во својата држава. Проблемот на одлив да го намалиме, проблем кој не е само локален, туку е навистина поширок и е евидентен. Затоа Општина Битола, со огромна поддршка стои зад оваа иницијатива која ќе докаже дека И од Битола се може, изјави Наташа Петровска, градоначалничка на Општина Битола.

Никола Бертолини од Делгацијата на ЕУ во Македонија се обрати преу ZOOM платформата рече дека кога се зборува за младите во дрѓавата се зборува за немање можности

-Младите тука преферираат работа во јавниот сектор, што е спротивно на генералната тенденција, кога се луѓето млади тие се креативни, имаат идеи и треба да се впуштат во поинакви води на првите вработувања, собирање на искуства и создавање на лични почетоци, рече на денешниот настан Бертолини

Денес ПРЕДА плус Фондација, во склоп на Битола старт ап Центар започнува со релизација на двомесечна стартап програма И ОД БИТОЛА СЕ МОЖЕ намената да поддржува иновативни идеи во рана развојна фаза.

-Преку онлајн апликацијата добивме вкупно 56 бизнис идеи. Комисијата за евалуација на пристигнатите идеи, ги избра најдобрите 20 бизнис идеи, кои ќе бидат вклучени во програмата, следејќи неколку основни критериуми: иновативност, профитабилност и изводливост на аплицираните бизнис идеи. Стартап програмата во период од 3 месеци ќе понуди менторски услуги за креирање на бизнис модели; тренинзи од еминентни професионалци од македонскиот стартап екосистем за водење на бизнис; можност за вмрежување со бизнис заедницата; презентација на бизнис идеите пред потенцијални инвеститори и финсиска поддршка за најуспешните бизнис идеи. Вкупната вредност на финансиската поддршка што ќе биде распределена на најдобрите бизниси во оваа грантова шема изнесува 740.000 денари, рече истакна Лидија Ангелова, проектна координаторка на Преда Плус.

Старт ап програмат се реализира во просториите на Факултетот за информатички и комуникациски технологии (ФИКТ) кои што во склоп на ова партнерство отстапија простор каде што ќе биде сместен Битола Старт ап Центарот. Преку овој проект Факултетот ќе добие опрема и мебел, со што ќе се овозможат услови за понатамошно одржливост на овој центар. Во иднина, планирано е во овој центар ќе се реализраат иновативни и инвентивни програми кои ќе крираат стартапи и ќе создаваат нови работни места.

“Со сетот на добро осмислени активности, овој проект се приближува до младите, нивните егзистенцијални потреби, ја развива нивната креативност и смисол за претприемништво и тимска работа, ги подобрува нивните ИТ и други вештини неопходни за денешното современо, динамично и поинакво опкружување.–истакна Сашо Коруновски – Ректор на универзитетот Св Климент Охридски Битола “

Битола Старт-ап центарот ги обединува сите потенцијали и капацитети на градот во насока на намалување на невработеноста и зголемување на капацитетите на невработените лица.

-Се радувам што денес можеме да промовираме исклучително значајна институција, битолскиот Старт-ап центар е уште една потврда дека квалитетната симбиоза на партнери, квалитетниот конзорцим и добро спакуваната идеја секогаш дава резултати. Треба да бидеме горди што тому Битола е единствената општина меѓу 12 градови во државата со оваа поддржана иницијатива. МКЦ во изминатите години работеше на многу ваквки и слични програми за намалување на невработеноста, пред се на младинската невработеност. Но токму Старт-ап центарот ќе даде нов поттик и нови можности за спречување на  иселувањето. Убеден сум дека ќе овозможиме многу млади луѓе да останат во својот град. Претриемништвото е главен двигател на секоја економија, а успешното претприемништво е предуслов за развој на секое општество. МКЦ – Битола ги става на располагање своите ресурси и капацитети, вклучително и Саемот за кариера – настан кој е препознатлив кај јавноста како алатка за намалување на младинската невработеност, во служба на Битола Старт-ап центарот., рече Сашо Додовски, директор на МКЦ-Битола

Стартап Центар е дел од Локално партнерство за вработување (ЛПВ) Битола  финансирано преку проектот Зајакнување на социјалниот дијалог, кој го спроведува Меѓународната организација на трудот, со финансиска поддршка од Европската Унија.

 

121967754 387196969320070 4262650862432214261 n

 

122007287 966067740546762 1485378692252935843 n

122014447 3450525885026733 6331450261938383378 n

122018732 3415322371866579 8423422931258932887 n

 

122019311 3578061325570671 2587777246687110746 n

 

122031656 706347680238746 2955684991219077232 n

 

122046005 3414125185330744 2416439323994164568 n

122055281 711955166340011 9131400690901459284 n

122079728 1311047602570664 4974274299333445943 n

122184367 353726509185415 1141746381429057565 n

122162867 637656830245525 3678059015169970777 n

122344495 394258848244447 3550039071254012247 n

 

122178220 396771594821982 3254151913996393363 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани