АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На денешната 26 седница на Извршниот одбор на Здружението на пензионери од Битола, беше усвена Предлог одлуката за утврдување на Програмата за работа за 2021 година. Исто така усвоена е и предлог одлуката за Финансиската програма на Здружението
Од Здружението на пензионери велат дека со овие програми се предвидени активности, што традиционално се одржуваат, но поради условите кои ги наметнува пандемијата со КОВИД-19, можно е дел од нив да не се реализираат, односно ќе се спроведуваат онака како што ќе налагаат околностите.
На денешната 26 седница покрај останатите точки на дневниот ред, беше усвоен и предлогот за збратимување на битолското со тетовското Здружение на пензионери, а исто така членовите ја изгласаа и одлуката за донација на новогодишни пакетчиња за децата кои учат во посебните паралелки во ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ во Битола.