2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

На денешен ден е роден Јонче Георгиевски, учесник во НОБ

Јануари 10, 2021

НА ДЕНЕШЕН ДЕН, 10 ЈАНУАРИ 1928

Во селото Дихово, Битолско, е роден Јонче ЃОРЃИЕВСКИ, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија. Како пионер беше активен во помагањето на антиокупаторското и антифашистичко движење во Битолско. Уште во 1941 г. учествувше во создавањето на младинската комунистичка организација (СКОЈ). Беше еден од младинците од родоното село кои разнесуваше и растураше летоци со антиокупаторска и комунистичка содржина. Учествуваше во акцијата на битолските комунистички илегалци од 3 март 1942 г., кога на бугарскиот национален празник, беше украдено оружје и муниција од Општинскиот воен магацин. Во септември – октомври 1942 г., стана член на новоформираната селска организација на КПЈ-Битола. Неговите активности не останаа тајна за бугарската фашистичка полиција, па често беше апсен и физички малтретиран од 1942 г. Во март 1943 г. се илегализира и стапи во Битолско-преспанскиот партизански одред „Даме Груев“, а по формирањето на Битолскиот партизански одред „ Гоце Делчев“ во мај 1943 г. е во неговите први борбени редови. Подоцна повторно стана легален, па беше апсен и малтретиран од бугарската полиција, за кон крајот на мај 1944 г., преку Цане Павловски, повторно да се приклучи во партизанските единици на Народноослободителната војска. Учествуваше во бројни борби со бугарските и германските окупаторски воени и полициски сили. Како борец во составот на Првата македонска бригада учествуваше во завршните борби за ослободување на земјата на Сремскиот фронт и во тие борби храбро го загуби животот на 25 март 1945 г. кај Славонска Пожега, Хрватска.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани