2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Како станав планинар: Студентот Пантелејмон Трпчевски за неговата пасија-планинарењето

Јануари 03, 2021

Младиот  Пантелејмон Трпчевски, студент и соработник на апла.мк уште од неговите средношколски денови, ја раскажува својата  приказна за неговата најголема пасија-планинарењето. За почетоците, првата средба со планината, неговата љубов, но и упорноста во најтешките мигови, кога поради повреда беше принуден да се „приземји“ и да паузира. Потоа,  за неговта истрајност, заедничките авантури со другарите, но и со семејството, за  убавините доживеани горе под облаците, за кратките видеа што ги сними  инспириран од  убавините на Пелистер кои му донесоа награда за најдобра репортажа  на  28  Интернационален Фестивал на аматерскиот документарен филм „Камера 300“. Целта е, вели  Пантелјмон, да  ја разбуди кај младите луѓе љубовта кон планинските височини, да се поттикнат да ја  користат  убавината која на битолчани им е на дофат. 

За почетоците 

Започнав да планинарам кога имав 10 години, прошетките со мојата фамилија поттикнати од мојот татко во Националниот Парк Пелистер беа кратки, но чувствував дека сѐ повеќе и повеќе ме привлекува оваа прекрасна планина.

пт1

(Палиснопје, Национален Парк Пелистер 2010 г.)

2

(Ниже Поле, 2005 г.)

Првата поголема тура беше до Големо Езеро, се разбира со моето семејство, во летни услови. Тоа беше една прекрасна авантура која засекогаш ќе биде врежана во моето срце. Чувството на освојување, желбата за исполнување на предходно поставената цел веќе беше реалност после тоа планинарење.

Веќе во периодот кога завршував основно образование, ја чувствував таа „глад“ за искачување на самиот врв Пелистер и тоа од повеќето страни.

Можам акцент да ставам на еднодневната тура исто така со моите родители која започнуваше од потпелистерското село Ниже Поле, по што следеше искачување до Големо езеро. Се потсетив на почетоците на планирењето (како што веќе горе споменав), но сега „јурев“ кон нешто повисоко, неоткриено за мене. Патот нѐ водеше до Мало Езеро. И покрај прекрасниот поглед, ние продолживме кон самиот врв, кој од секогаш бил моја цел, сакајќи секогаш да бидам на врвот. Очекуваното во тој момент веќе беше реалност, го вдишував планинскиот воздух и уживав во прекрасната глетка.

пт3

(Пантелејмон на врвот Пелистер 2601мнв, во позадина Димев врв, 2016 г.)

пт4

(Во позадина трите врва „Пелистер“, „Стив“ и „Илинден“)

Средношколецот Пантелејмон тргнува во посериозни планинарски походи

Во средношколските денови започнав да правам планинарски походи и во зимски услови, во длабок снег и минусни температури. Но, фотографиите и искуството секогаш вредеа и никогаш не се каев за одделеното време и енергија.

Домот Неолица беше мојата прва дестинација, бев неискусен во однос на зимските услови, но мојот татко секогаш беше тука да ми влее психичка сигурност и секако да ми го пренесе неговото стекнато искуство. Искачувањето се одвиваше во тешки услови,минусни температури, преку целиот пат имаше снег до колена. Но, желбата беше посилна од физичкиот умор, па така за првпат ја освоив „снежната“ Неолица.

пт5

(Фотографија со неговиот татко Сашко по патот до домот Неолица, 2017 г.)

пт6

Потоа следеа тури и до самиот врв Неолица, кои нудат прекрасни глетки на поголем дел од Националиот Парк Пелистер.

135631244 411053960129353 5912330000859911136 n

(Врв Неолица 1865 мнв, 2017г.)

пт8

(Фотографија со неговиот татко Сашко на патот до врвот Неолица)

Подготвен да го освои Пелистер во зимски услови 

Веќе следната зима, подготвен психофизички,  „горев“ од желба за искачување на врвот Пелистер во зимски услови, желба која ми се провлекуваше од самото детство. Денот беше сончев и со голема видливост. Без потешкотии се искачивме и за прв пат ја здогледав „планината на Боговите“- Олимп, албанските планини па дури и мал дел од Јадранско Море, а на другата страна ме очекуваше Шар Планина со нејзините врвови.

олимп

                       (Локација: „Седлото“, во позадина „планината на Боговите“- Олимп, 2018 г.)

пт10

(Поглед кон Димев врв, Преспанско Езеро, Мал град, Галичица па се до албанските планини)

Планинаска тура со другарите

Пред првиот снег во 2018 година, со група средношколци, одлучивме да преноќеваме во Планинаркиот Дом „Димитар Илиевски Мурато“ на Големо езеро, а другиот ден уште во мугрите да тргнеме кон врвот Пелистер. Прекрасни спомени, забава и секако искуство. Тоа беше за мене првото водење на група во Националниот Парк Пелистер.

другари

(Групна слика)

Горе: Денис С.(прв од лево), Христина В.(втора од лево), Симона Б.(трета од лево),

Андреј В. (втор од десно), Пантелејмон Т. (прв од десно)

Долу: Агон А. (прв од лево), Инес П.(втора од лево), Немања К. (трет од лево),

Афродита Ш.(втора од десно), Ана Марија М.(прва од десно)

пт12

                         (Дел од групата на врвот Пелистер)

Сам на планина

Почетокот на 2019 беше еден од најлудите периоди, започнав да планинарам сам, некои кратки релации како домот Неолица и врвот Неолица. Ново доживување исполнето со адреналин, спомени, средби со траги од диви животни.

сам

(Фотографирана од случаен планинар)

На 31 Март 2019, со група соученици одлучивме да направиме кратка тура до домот Неолица, преку с. Брусник. Уште една авантура исполнета со незаборавни моменти и секако позитивна енергија.

пт14

Групна фотографија пред домот Неолица

Лево: Елена Б.(прва), Јован Т.(втор), Емилија Р.(трета),

Средина: Александра Н.

Десно: Марија М.(прва), Пантелејмон Т.(втор), Филип М.(трет)

Повреда и пауза

Пролетта 2019 г. за мене беше најтешката етапа во планинарењето, направив повреда на грбниот столб, чувстував огромна болка во последните два диска од лумбарната област, паузирав 4 и пол месеци, едностравно ги поминував најлошите мигови оттргнат од планината, авантурите и адреналинските походи. Во јули веќе имав резултати од магнетната резонанца, резултатите беа шокирачки, две „discus hernia“ на двата најдолни лумбарни диска.

пт15

           (Снимка од магнетната резонанса)

Започнав на третмани во Солун, во ординацијата на еден од најдобрите доктори во таа област. Многумина во тој период ми обесхрабуваа: „Готово е со планините, никогаш повеќе не ќе можеш да планинариш, оваа повреда е озбилна, твоите искачувања завршија“.

После еден месец интензивни третмани и вежби веќе повредата беше санирана. Се вратив на планина и „падна“ митот за завршената љубов кон Пелистер.

Но, само неколку месеци подоцна, околу 15 септември следуваше нова повреда на колената, навидум минлива, но навистина доста сериозна.

Тогаш веќе се засили негативната енергија: „Ете пак се повреди веќе е доста, треба да ставиш крај на планините тие се веќе минато за тебе....“

бабин заб

(Бабин заб- врвот каде што е Трпчевски ја направи повредата, во позадина врвoвите Пелистер, „Стив“ и „Илинден“)

Враќање на Пелистер

Со целосен третман влучувајки пливање и вежби за околу 4 месеци ја надминав повредата и се вратив на пелистерските патеки. Но, овој пат посилен, поискусен и со желба за нешто ново.

Тоа беше идејата за кратко видео за врвот Пелистер и убавините на нашата „битолска“ планина -Баба. Видео материалот беше направен во периодот помеѓу 25.12 2019 до 03.01 2020. Прекрасни глетки кои ја искажуваат моќта на природата и убавината на зимата. Постпродукцијата заврши околу втори февруари и беше насловено „Искачи го Пелистер“, следеа прекрасни комплименти, гледаноста исто така беше доста голема, едноставно секој поединец беше запознаен со природното богатсво со кое изобилува оваа планина.

изгрејсонце

(Изгрејсонце - „Атомска експлозија“)

Локација:врв Пелистер

поглед преспа

(Поглед кон Преспанско Езеро, Голем град и албанските планини)

пункт пелистер

(01.01.2020- Пункт Пелистер 2601 мнв.)

Линк од видеото „Искачи го Пелистер“

https://www.youtube.com/watch?v=X1Snb61qEs0

На крајот на истата година во месец април, ја имав најлудата авантура се разбира во длабок снег, кој достигаше и до самиот појас, бев сам поради мерките за Ковид 19, прекрасни фотографии но, и доста тешка тура која наполно ме исцрпи, но сепак ќе остане како што кажав една од најлудите авантури.

зимска

(„Зимска рапсодија“ на патот до врвот Неолица)

поглед неолица кон битола

(Поглед од врвот Неолица кон градот Битола)

 априлска снежна бајка

(Априлска снежна бајка)

поглед кон трите врва

(Поглед од врвот кон Националниот Парк со трите врва(во магла))

На крајот од Јуни, водев група до Големо Езеро, вклучувајќи го и снимањето на моето второ видео, кое го насловив „Big Lake- Pelister National Park“. Спомените и позитивната енергија беа присутни и покрај пандемијата од Ковид 19.

Линк од видеото „Big Lake- Pelister National Park“

https://www.youtube.com/watch?v=3lDk_oEk0Bo&t=13s

групна

(Групна фотографија)

Напред: Игор В.(прв одлево), Пантелејмон Т.(втор одлево), Михаил К.(на средина),

Елена С.(втора оддесно), Афродита Ш.(прва оддесно)

Назад: Аријона Р.(прва одлево), Александар Л.(втор одлево), Горјан П.(на средина),

Немања К.(втор оддесно), Андреј В.(прв оддесно)

патоказа

Детал: Патоказ

Локација: „Карпата“

 

Во истото лето, одлучивме целата фамилија да се искачиме на еден од помалку познатите врвови на Баба Планина кои нуди прекрасен поглед кон врвот и Преспанското езеро.

широка

( Трпчевски пред планинарскиот дом „Широка“)

козји камен

(Поглед од „Козји камен“ 2 188 мн. кон врвот Пелистер(во магла))

Само два дена подоцна следеше искачување до Големо езеро по една не толку фрекфентните патеки. Тие две фамилијарни авантури можат да служат како поттик за планинарење и поминување на слободното време во планински амбиент на чист воздух.

големо езеро

(Трпчевски со неговите родители на Големо езеро)

Награда  за најдобра репортажа на фестивалот „Камера 300“

И како „шлаг“ на тортата и изминатото време на снимање, монтирање и едитирање на видео материали: Со двете кратки видеа конкурирав на 28 - от Интернационален Фестивал на аматерскиот документарен филм „Камера 300“, каде што добив награда за најдобра репортажа. Тоа за мене беше прво достигнување во однос на моите кратки видеа.

награди

(Наградата и дипломата за најдобра репортажа на 28-от Интернационален фестивал на аматерскиот филм „Камера 300“)

 

 

 

 Е.М.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани