Министерството за култура поддржа три проекти на ДЛУБ со вкупно 2,5 илјади евра

Февруари 27, 2021

Министерството за култура на Република Северна Македонија одобри три проекти за 2021 година за кои што аплицираше Уметничкиот совет на ДЛУБ . 

За самостојна изложба на Марија Велевска Анастасовска  ( како добитник на наградата Борислав Траиковски за најуспешно ликовно остварување на Годишната изложба 2020) се одобрени 59 250 денари. 
 
За Годишна изложба 2021 се одобрени 48 000 денари.
 
За Изложба на цртеж и графика се одобрени 48 000 денари.
 
Вкупно за трите изложби се одобрени 155 250 денари .
 
"Честитки за сите автори кои земаат активно учество на изложбите.
ДЛУБ искажува благодарност за поддршката од страна на Министерството за култура на Република Северна Македонија која е особено значајна во вакви услови во какви се наоѓа светот денес на глобално ниво", велат од ДЛУБ
 
ДЛУБ како здружение веќе 47 години е  битен сегмент за развивање и одржување на ликовната култура во Битола преку организирање на групни и самостојни изложби , печатење и архивирање на ликовните настани  и за тоа допринеле сите активни учесници, уметнички совети и претседатели, наведуваат од Друштвото.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани