АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Здружението на пензионери од Битола денеска одржа состанок со претседателите на месните заедници, со почитување на мерките за заштита од ковид-19. На оваа работна средба беше разгледан предлог извештајот за работа на Здружението, а исто така со претседателите на месните заедници беше разгледан и извештајот од завршната сметка за работењето во изминатата година. Здружението лани работело позитивно, доделени беа и неколку хуманитарни донации на медицински установи, како и средства за операции и лекување на пензионери.
Како што објавивме вчера, и годинава членовите на здружението кои се 19 300 на број, ќе може еднаш месечно бесплатно да контролираат шеќер, притисок и холестерол во три здравствени установи во градот . Доколку Општината формира јавно претпријатие за градски превоз ќе биде потпишан договор за да можат да го користат пензионерите од Битола, Новаци и Могила по поволни услови.