2win800x200

На денешен ден пред 46 години започна изградбата на битолскиот Центар за култура

Март 15, 2021

На 15 март 1975 година започна изградбата на Центарот за култура во Битола.

 
Изграден како „Спомен дом на културата за Првото заседание на АСНОМ". Свечено беше предаден во употреба на 11 октомври 1980 г. со изведба на претставата „Залезот над езерската земја" од Томе Арсовски, а во режија на Димитар Христов и со ретроспективна изложба на битолските ликовни уметници.
 
Има корисна површина од 12 000 метри квадратни, а тие се наменети, пред се, за културни содржини. Големата свечена, концертна и кино сала има површина од 750 метри квадратни и капацитет од 870 седишта, со сцена широка 15 метри и длабока 20 метри.
 
Театарска сала има површина од 430 метри квадратни и капацитет од 420 седишта со 12 метри ширина и 24 метри длабочина на сцената, а има и ротациона функција, светлосен парк и озвучување.
 
Покрај овие простории, постои и Мала сала со 100 седишта, проектирана и изведена според ентериерот на стариот битолски театар. Има и многубројни други помошни простории. Еден период постоеше и ликовен салон, односно галериски простор, кој денес е преадаптиран. Целиот објект е изграден со комплетни и функционални системи за климатизација и
 затоплување.
 

Инаку, одлука за изградба на спомен-домови на културата во 25 градови во Социјалистичка Република Македонија, меѓу кои и во Битола, како траен спомен на Првото заседание на АСНОМ, беше донесена во август 1969 година 

Три години од 1975  до 1978 год беше издвојуван 1% од личните доходи на сите вработени лица во Битола, а со овој самопридонес освен Домот на културата, собраните средства беа наменети и за други проекти

 
 
 
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани