На денешен ден е роден народниот херој Вангел Нечевски Тунелот

Март 17, 2021

На  денешен ден 17 март 1922

Во Битола е роден Вангел Нечевски-Тунелот, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија. Работел како наемен работник во тутунската индустрија.
 
Пред Втората светска војна станал член на југословенската младинска комунистичка организација СКОЈ. Бил и активен член на прокомунистичките УРСС-ови синдикати. Подоцна бил примен за член на КПЈ. По фашистичката окупација бил ангажиран во акциите на Месниот комитет на КПЈ за Битола за собирање оружје и за растурање пропаганден материјал. Бил уапсен од бугарската фашистичка полиција во почетокот на 1942 г. По половина година интернација, се вратил во Битола и кон средината на 1942 г. станал борец во Партизанскиот одред "Дамјан Груев".
 
Подоцна бил курир на Главниот штаб на НОВ и ПОМ. Одржувал редовни врски со грчките и со албанските партизани, пренесувал илегално одговорни политички и воени раководители. Пред крајот на антиокупаторската борба станал заменик-командант на дивизија.
 
По ослободувањето од фашистичката окупација работел во органите на ОЗНА, вршел одговорни политички и државни должности во Битола и во Социјалистичка Република Македонија. Бил носител на „Партизанска споменица 1941“ и на други награди и признанија, а за народен херој бил прогласен на 20 декември 1951 г. Почина во Битола, на 5 март 2006 г.
 
 Подготвил: д-р Александар Литовски, историчар
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани