2win800x200

Работилници за креативно пишување и поттикнување на читачката култура во Библиотеката во Битола

Април 13, 2021

 

Националната установа Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ – Битола, СОУ “Таки Даскало“ – Битола и  професорката Николина Поповска започнуваат да го реализираат проектот за одржување на работилници за креативно пишување и поттикнување на читачка култура.

Одржувањето на овие едукативни работилници со својот неформален карактер и интерактивност ќе претставуваат интелектуален и емоционален предизвик за секој млад човек. Ќе придонесат кон книжевноста, интерпретацијата, творештвото и креативното пишување за личен и професионален развој кај младите. Креативното размислување вклучува активности кои ја развиваат имагинацијата, базичната употреба на методи, комуникација, физичка умешност и напор, лоцирање на проблем и негово решавање, интерпретирање и употреба на симболи кои ќе им помогнат во понатамошното развивање на вештините во зависност од нивната возраст.

Содржините на креативните-едукативни работилници ќе бидат насочени кон поттикнување на креативноста кај децата за развивањето на истражувачка дејност, развој на меки вештини, развој на критичко размислување и емоционална интелигенција, развој на комуникациски и интерперсонални вештини, слободно изразување и градење на самодовербата, како и ментален развој кај младите.

Фокусот ќе биде на развивање на вештините за креативно пишување на учесниците, со осврт на креативно обликување на прашања и проблеми кои ги тангираат младите. Целта е поттикнување и охрабрување на младите луѓе – средношколци  да ги користат својата страст и вештини во читање, пишување, изразување и креирање на критичко мислење. Клучно во работилниците е поттикнувањето на слободно изразување и (креативно) промислување на светот кој не опкружува.

Проектот ќе се реализира во наредните три месеци, со одржување на 10 работилници. Проектот се реализира со поддршка на Министерството за култура на Република Северна Македонија.

Првата работилница се одржа на ден 9 април 2021 година на тема „Комуникација (вербална и небербална)“ со учениците од  СОУ “Таки Даскало“ – Битола и  професорката Николина Поповска.

Координатор на проектот е м-р Фатма Бајрам Аземовска - раководител од областа на развој на библиотекарството, меѓународна соработка, маркетинг и односи со јавноста

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани