Ова е само почеток на неговиот проект „Фолктро“ кој треба да ја оживее старата изворна македонска песна.
„Во ни еден поглед не е лошо да се слуша странска музика, всушност добро е кога се слуша секаква музика, но уште подобро е кога се истражува за истата. Затоа се одлучив преку овој формат, кој јас го нареков „Фолктро“ (спој од фолк и електро) да направам една серија на македонски народни композиции, каде ќе се обидам повеќе пејачи, пред се од Битола да бидат дел од ова. Токму за Велигден, заедно со Елена Деловска од Битола, по нејзина иницијативна ја преработивме „На велигден сум се заљубил“ исто во модерен аранжман. Тоа испадна непланирано, но одлично се вклопи во мојата идеја и енергијата каде сега сум фокусиран.
https://youtu.be/yWsLqOu7v4M Периодов ќе сработам уште неколку песни, а воедно сакам и имам идеја како да ги вклучам сите музичари и пејачи од Битола, да работиме заедно, јавно, со цел да се презентираме и да твориме музика. Бидејќи во време кога стагнира продукцијата на музика, мораме да се држиме сите“, вели Марковски.