2win800x200

Сo ,,Молитва по Достоевски" публиката се враќа во Битолскиот театар

Мај 20, 2021

Поврзаноста на генијалниот руски писател Достоевски со тајниот круг на Петрашевски, кои во Русија беа прво осудени на смрт, па потоа помиловани и испратени во Сибир е накратко приказната која ги инспирира битолските театрџии да ја подготват новата премиера „Молитва по Достоевски“.

Претставата е колаж од делови од дела на Достоевски кои на сцена ќе ги донесат актерите Огнен Дранговски и Катерина Аневска Дранговска, испреплетен со музички преработка на делата на Висоцки и Окуџава во изведба на познатиот битолски бенд „Фолтин“. Идеен творец на претставата е Валентин Светозарев, а ќе биде премиерно прикажана овој петок, на 21 мај со почеток во 20 часот на сцената на Народниот театар во Битола, но поради ковид протоколите со ограничен број на публика.

„Главна цел ни беше енергијата на сцена, но сепак имаме приказна и таа е многу едноставна. На 23 години Достоевски го напишал својот прв роман „Бедни луѓе “ и станал новиот Гогољ. Но, го интересирале и политички случувања и се зачленил во едно политичко-интелектуално друштво. Некој го издал движењето и 23 членови Петрашевци биле осудени на смрт со стрелање. Тука почнува и нашата претстава на денот кога треба да бидат стрелани се помилувани со прогонство во Сибир. Во нашата приказна тие сите се на едно место Катарга, поминуваат 5 години и му дозволуваат да направат еден концерт. Она што вие ќе го гледате е тој концерт“, рече Светозарев.

Со новата премиера публиката ќе се врати во Тетатарот во Битола по пауза од три месеци.

„Со пандемијата сигурно дека се изгуби континуитетот и кондицијата. Но, кога ќе завршиме со премиерата ќе почнеме да ги враќаме и претходните претстави, Ќе се доработат одложените премиери, а секако и претставите кои е одиграа еднаш или само неколу пати. Се повеќе луѓе од ансамблот ќе се вакцинираат и се надеваме дека ќе можеме да продолжиме со понормално темпо“, реќе Иван Јерќиќ, директор на Народен театар Битола.

Со претставата Театарот се вклучува кон одбележувањето на 200 години од раѓањето на Достоевски. Престатавата ја подготвија со сопствени средства.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани