Советниците од ВМРО-ДПМЕН не се вклучија во расправата на Советот

Мај 20, 2021

За првпат по подолго време  опозициската ВМРО-ДПМНЕ не учествуваше во расправата на денешната 74 седница на Советото на Општина Битола.  Ниту еден советник од опозициската партија не се јави за збор по  точките на дневниот ред. 

Единствено, советничката Анита Ангелевска, која пред половина година побара оставка од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, овој пат ги„бранеше“ партиските бои, па предложи измени на дневниот ред со точка со која која ќе се побара мораториум за сечење на дрвја низ градот.

Тоа беше единствено вклучување на советниците од ВМРО-ДПМНЕ во расправата, па седницата заврши за два часа, иако на дневне ред имаше 40 точки. Зошто советничката група на ВМРО-ДПМЕН не се вклучи во денешната работа на советот е неизвесно.

 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани