На денешен ден загина Панде Кајзеро, учесник во НОБ

Јуни 22, 2021

НА ДЕНЕШЕН ДЕН, 22 ЈУНИ 1943,

Во село Лавци, Битолско е убиен Панде ЈОВЧЕВСКИ-Кајзеро, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија.
 
Роден e во селото Лавци на 15 јули 1923 година. Потекнува од земјоделска фамилија, а и самиот беше земјоделец. Прогресивното комунистичко движење што го имаше опфатено селото Лавци, не го заобиколи ниту Панде. Од самиот почеток на антиокупаторската борба тој неа активно ја помагаше. Веќе на 25 ноември 1942 година, се приклучи кон единиците на НОВ и ПОМ. Најнапред беше борец во Партизанскиот одред „Даме Груев“, а подоцна и во Одредот „Јане Сандански“.
 
На 22 јуни 1943 година, кога селото Лавци е опколено од бугарска војска и полиција, тој заедно со Панде Ташкоски, тргнаа да се вратат во партизанскиот одред, но паднаа на бугарска заседа која ги раздвои. Панде Ташкоски успеа да се пробие, а Панде Кајзеро отпочна нерамна борба со непријателот.
 
Успеа да ликвидира тринаесеттина бугарски полицајци и војници. Откако му заврши муницијата, со последната бомба херојски се самоуби. 
 
Подготвил: д-р Александар Литовски, историчар
 
 
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани