Дојди, одбери, замени- размена на книги во Битола

Јуни 30, 2021

Вчера во Триангл кафе во Битола, Младинската асоцијација „Догма“, по втор пат успешно ја реализира нивната активност “Дојди, одбери,замени” наменета за сите љубители на пишаниот збор. Целта на активноста беше размената на книги. Радува заинтересираноста, па затоа овој настан ќе им стане традиција.

Инаку „Догма“ е организација која се залага за подигнување на културната свест пред се’ кај младите луѓе, организирајќи настани чија цел е обезбедување опстанок на културата, уметноста и креативноста.210102171 189875456400801 5457755122928628356 n

„Идејата за оваа организација дојде од желбата за позитивни промени во нашата заедница и креирањето на заедничка визија. Направивме тим од млади активисти кои имаат волја да работат на организирање настани и проекти со примарна цел дружење на младите, а воедно и подигнување на свеста за културата која моментално е запоставена. Најголема сатисфакција ни е приредувањето на некој настан на кој би можеле да присуствуваат што поголем број луѓе и активно да учествуваат”, ни истакнаа организаторите.

Уште еден од проектите кои со задовоство го најавуваат е ,,Вело трка’’ првата велосипетска трка во Битола, на која ќе имаат можност да учествуваат сите љубители на велодипедизмот од Битола и останатите градови.    210674216 864142527522384 1353417740216630547 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани