Webp.net gifmaker

На денешен ден е роден генерал Васко Карангелевски

Јули 07, 2021

На денешен ден, 7 јули 1921, во селото Брусник, Битолско роден е Васко КАРАНГЕЛЕВСКИ, припадник на  македонското националноослободително и комунистичко движење во  Вардарскиот дел на Македонија и учесник во Антифашистичката војна, генерал на ЈНА.

Пред Втората светска војна е земјоделски работник. Член на југословенската комунистичка  младинска организација СКОЈ од 1941 г. и член на КПМ од 1943 г. Заменик-командант и командант на баталјонот „Стив Наумов“, заменик-командант на  Четвртата бриада, а потоа командант на Петтата и Седмата бригада. На крајот  на НОАВМ е командант на Четириесет и деветтата македонска дивизија на  НОВЈ.

По Ослободувањето дипломира на Воената академија "Ворошилов" во  Сојузот на Советските Социјалистички Републики (СССР), ја заврши Вишата  воена академија на Југословенската Народна Армија (ЈНА).

Во ЈНА имаше највисок чин – генерал-полковник и беше командант на дивизија,  началник на штаб на корпус, началник на штаб на армиска  област и командант на армија. Член на Централниот  комитет на СКЈ.

Загина во несреќен случај на 3 февруари 1977 г., кај Македонски брод.

Прогласен за народен херој на Социјалистичка Федеративна Република Југославија (СФРЈ).

Подготвил: д-р Александар Литовски, историчар

 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани