2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Во шишенцето на видеото нема вакцина против ковид

Јули 22, 2021

Видео клип во кој наводно има шишенце од вакцина против ковид, а нема, е искористен за пласирање на лага дека во анти ковид вакцините има метал

Рецензираме пост на Фејсбук во кој што лажно се тврди дека има метал во вакцините.

Метал во вакцините – пишува авторот на објавата и притоа поставил и придружен видео клип на кој се гледа како се прилепува за магнет шишенце (за кое се тврди дека е од вакцината).

Меѓутоа, ова шишенце не е од ниедна вакцина. Како што претходно пишуваше во рецензија на „Вистиномер“, неточно е и дека во вакцините против ковид има магнет, или било какви магнетизирачки својства, иако на социјалните мрежи се шират дезинформации на оваа тема.

Започна со наводните чипови на „АпиЏект“

Ќе почнеме од крајот, односно од бекграундот на целата лажна приказна за наводни магнети во вакцините. Целата драма со наводни микрочипови, преку кои, наводно, населението ќе биде следено, нема врска со реалноста.

Компанијата „АпиЏект“ од САД, размислува за „опционален микрочип“, ама тој би бил на етикетата од шприцот и нема да се инјектира при имунизацијата. Важно е да се каже дека овој микрочип е засега наменет само за САД, а не за С. Македонија, а неговата намена, како што за Ројтерс потврдил портпаролот на фирмата, Стив Хофман, е да му овозможи на здравствениот работник да верификува дека вакцината и шприцот не се со истечен рок, не се фалсификат и да потврди дека вакцината во шприцот е искористена.

Здравствениот работник би користел апликација на мобилниот телефон за да ја види оваа информација или да ја внесе во системот. Сето тоа ќе се прави без никакво навлегување во личните податоци за пациентот. Информациите во оваа апликација ќе се однесуваат само на дозите и на шприцевите односно на вакцината, а не на човекот.

Во видеото е прикажан производ на компанија која нема врска со вакцините 

Но, што се наоѓа на видео материјалот кој го рецензираме во спорниот пост на Фејсбук? Сигурно е дека материјалот во шишенцето не е вакцина! Ако се погледне поблиску, етикетата од шишенцето открива дека станува збор за производ на компанијата Particle Works.

Оваа компанија нема никаква поврзаност со вакцините против ковид и не ги произведува. Ако се погледне описот на нивната дејност на веб страницата, ќе се види дека тие произведуваат метални честички и монистри од хидрогел.

Имаат и оддел на веб страницата на кој се вели дека Particle Works произведуваат магнетни честички кои комуницираат со надворешното магнетно поле за да создадат активирање, зголемување на температурата и промена во магнетното поле. Овие својства се користат во индустријата, дијагностиката и фармацијата. Но, немаат врска со ковид вакцината на ниеден производител!

Целата листа на производители на ковид вакцина погледнете ја овдеКога ќе се погледне составот на Фајзеровата вакцина, се гледа дека таа содржи мРНА липиди, калиум хлорид, содиум хлорид и сахароза. Значи главно содржи липиди, протеини, соли и шеќери. Липиди, протеини, соли и шеќери може да се најдат во голем дел од храната и не се феромагнетни метали.

Затоа, наведеното во постот што го рецензираме, го оценуваме како дезинформација. Супстанција која не е вакцина, лажно е претставена како да е вакцина, со цел да се наведат граѓаните да помислат дека во вакцината против ковид има магнет или чип, веќе широко распространет лажен наратив од почетокот на вакцинацијата.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани