АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Рецензираме пост на Фејсбук, во кој се изнесени дезинформации во врска со вакцинацијата. Во постот се вели дека ,,фашизмот продолжува со планирани измами, за втерување страв кај младите после летното опуштање од апсурдните мерки”.
Постот сугерира дека делта варијантата е измама, односно дека поради неа од „есен ќе следува истата гнасна игра на страв, болест и умирачки“, иако оваа варијанта е официјално регистрирана од Светската Здравствена Организација.
Ги спремаат младите за ваксајнс. Делта сој на вирус. Фашизмот продолжува со планирани измами, за втерување страв кај младите, после летното опуштање со апсурдните мерки. Од есен повторно истата гнасна игра, страв болест и умирачки. Овој пат само ќе ви течат мрсули, малку студ, ама вкус и мирис не губите. Може да си кркате, пиете, но може да ширите зараза на забави! Почнаа со набавки на нова тура ПЦР тестови, преку принуда ќе тестираат и пелцуваат, ако влезете во ковид шема преку тестирања, веќе сте под нивна контрола. Толку се провидни, се читаат од старт. Бидете спремни да се заштитите вие и вашите деца”, пишува авторката на постот и додава текст објавен во медиум во кој се опишуваат симптомите на делта типот на коронавирусот, неофицијално познат како ,,индиска мутација”.
– Постојат три симптоми кои ја разликуваат оваа варијанта од останатите кога е во прашање зголемен број на случаи со гангрени и ампутации на прсти и стапала како резултат на засиленото згрутчување на крвта, нешто што не беше вообичаено за алфа варијантата. Се развиваат микротромбови, кои се причина за силно изразени компликации на екстремитетите, изумирање на здравото ткиво и развој на гангрена кај еден од секои четири пациенти кои имаат нарушени параметри на коагулација. Таквите микротромбови се сретнуваат и во дигестивниот систем, во цревата. Како втор симптом, кој е значително поизразен кај делта варијантата, се проблемите на системот за варење. Значително повеќе се јавува повраќање, пролив, гадење и намален апетит. Третиот поизразен симптом е нарушување или губење на слухот кај некои пациенти, оток околу вратот и воспаление на крајниците. Промената на клиничката слика кај делта варијантата укажува на зголемена агресивност на вирусот, што е дополнителна причина да го средиме неговото ширење на глобалната мапа – вели д-р Мехмедовиќ во интервју за Слободен печат.
Поради сите горенаведени факти, оценуваме дека е невистина дека принудно ќе се вакцинира, ниту тврдењето дека делта варијантата е подготовка на младите да примат вакцина. Можеби ќе има опција за деца од 12 до 16 години да се вакцинираат, меѓутоа таа нема да биде обврзувачка.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар