АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Рецензираме пост на Фејсбук, во којшто е споделено видео од лица кои дезинфицираат јавен простор, односно железничка станица во Велика Британија. Според наведеното во постот, тие тоа го прават само за пред камера, односно се фотографираат за да бидат забележани од медиумите, а не зашто навистина го дезинфицираат и чистат просторот облечени во скафандери. Постот има 17 споделувања и 65 реакции.
Зошто сте облечени вака, само за да се сликате за пред медиумите? Не ни чистите не правите ништо, сè што правите е да се фотографирате. Зошто го правите тоа?, прашува снимателот кој со мобилен телефон ја направил виралната снимка која стигна и до кај нас.
Човекот ги обвинува лицата одговорни за чистење на железничката станица дека „глумат“ какво било работење и дека сето тоа е за да добијат публицитет во медиумската кампања за заплашување на граѓаните дека постои пандемија од ковид-19.
Но, ова не е вистина. Работодавачот на работниците изјавил за „Ројтерс“, дека со нивниот договор за вработување тие се задолжени да фотографираат кога ќе завршат со чистење и дезинфекција на некој простор во железничката станица и тоа со датум и време на фотографијата. Токму затоа и се сликаат во случајов – за да покажат дека ја комплетирале работната задача.
Настанот е снимен на Финсбури Парк станицата. Едниот од вработените е облечен во целосно одело за заштита, односно скафандер и личи дека позира додека втората личност го фотографира.
Постот, всушност, поради недостаток на контекст и информации, дезинформира дека хигиеничарите се преправаат дека нешто работат за да предизвикаат страв, а наводно не работат ништо.
Компанијата одговорна да ја чисти станицата, „Черчил Груп“, за „Ројтерс“ изјавила дека вработените со работниот договор се обврзани да се фотографираат со времето и датумот на фотографијата за да се валидира дека ја завршиле нивната работна задача.
Ова го потврдиле и од „Говиа Тејмслинк Реилвеј“, компанија одговорна за областа каде е снимено видеото во железничката станица.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар