АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Првата чакра е епифизата, пинеалата жлезда, која е центар за комуникација со повисоките сфери. И знаеме како се одигрува тоа и за тоа пишував во новата книга.
Патем, целосното интервју трае над 3 часа.
А на 42-та минута од видеото, ќе го пронајдете делот кој е употребен во постот кој го рецензираме. Во тој дел од интервјуто Несторовиќ не зборува за ковид и мерење температура со дигитален топломер, туку за содржина на неговата книга. Тој објаснува делови од будизмот, за чакрите, наведувајќи дека се е енергија.
Во 35-та минута од интервјуто Несторовиќ вели дека сакал да напише книга за младите лекари да видат дека во медицината не е се онака како што е напишано во западната литература.
На крајот сешто пишував и го завршив третиот дел кој ќе се вика ‘другиот свет’. Ќе биде посветена на духовниот свет, за психичкото исцелување и начините на кои може да ја спознаеме вистината. Немаме инструменти со кои можеме да ја спознаеме психичката енергија. Но, можеме да дознаеме што се случува. Сите државни безбедности ги собраа видовитите луѓе и ги држат. Одеднаш нема литература за тоа. Кога ќе влезеш малку и ќе почнеш да трагаш, на некои индиректни начини, тогаш дознаваш дека некој видовит човек прв ги опишал прстените на Сатурн, па им кажал на астронаутите кај да бараат, па за три години тие ги пронашле прстените. Значи постои тој феномен.
Новинарот во 40 минута и 17 секунда го потсетува дека споменал оти енергијата на луѓето е доказ за животот, а животот е мистерија.
Ние сме брановити битија. Петтата димензија е светлината. Светлината е основа на сè. Тесла рекол дека универзумот е една пулсирачка светла маса на енергија. Тоа го видел. И ние знаеме дека сме енергија. Има многу луѓе кои можат да ја снимат енергијата околу вас, таа ваша аура. Пак се враќам на будистите, со аурата. Но кога ќе ги погледнете нивните чакри, епифизата, пинеалната жлезда, е центар за комуникација со повисоките сфери. Чакрата на срцето, гласот. Зошто луѓето кои се стегнати не можат да зборуваат? И сакралната чакра. Секоја чакра има своја боја. А бојата е фреквенција, а фреквенцијата е енергија”, вели Несторовиќ во видеото (од 40 до 42 минута).
Значи, во постот што го рецензираме, Несторовиќ воопшто не зборува за ковид, ни за мерење температура со топломер на челото.
Оваа жлезда продуцира хормон мелатонин. На неа не може да се влијае на ниеден начин со детектор за температура, рече доктор Барбов.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар