АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Рецензираме пост на Фејсбук во кој се тврди дека претседателите на Танзанија, на Бурунди и на Хаити починале набрзо после тоа што одбиле да го вакцинираат населението во овие земји.
Танзанија, Бурунди и Хаити отворено се спротиставија на кампањата за вакцинирање на своето население! Набрзо потоа, сите 3 претседатели на овие земји се пронајдени мртви! Можеби во оваа група на земји треба да се вклучи и Белорусија, уште една земја што одби да учествува во ковид 19 „претставата“. Претседателот Лукашенко е сѐ уште жив, но единствено благодарејќи на тоа што сите досегашни обиди за атентат врз него се неуспешни, се вели во постот.
Хаити не ги одби вакцините од Ковакс, туку само побаравме да го сменат производителот од којшто ги добиваме, изјавил министерот за здравство на Хаити, Лаур Адриен.
Како што може да се забележи од текот на настаните, двајца од споменатите претседатели починале од срце во болница, а третиот поради план да биде симнат од престолот е убиен од страна на група која нарачала убиство.
Но, смртта на овие три претседатели, во постот што го рецензираме, е претставена како организирана акција на „длабоката држава“ (термин кој теоретичарите на заговори го користат за да означат некоја си влада во сенка), поради тоа што тие, наводно, не сакале да учествуваат во фарса за коронавирус пандемијата.
Тоа не е точно. Хаити има регистрирано само 21 илјада случаи од почетокот на пандемијата и 603 починати. Тоа, според некои доктори, е поради тоа што популацијата во Хаити е претежно млада. Други извори тврдат дека имало случаи со симптоми, ама не отишле да се тестираат.
Во секој случај, моменталната состојба во Хаити e дека се администрира вакцината, а исто и во Танзанија, после смртта на скептичниот за ковид претседател, администрирани се 105.754 двојни дози (толку лица се целосно вакцинирани). Според некои медиумски извештаи, смртта на претседателот на Танзанија, за која имаше шпекулации дека е поради последици од ковид, комплетно ја има променето атмосферата во земјата и интересот за вакцинација кој расте.
Поради фактот што двајца од тројцата претседатели, споменати во постот, се починати во болница од срцев удар (на Танзанија и Бурунди) , а еден е застрелан и убиството не се поврзува ниту со коронавирусот, ниту со вакцинацијата (на Хаити), тврдењето дека некој ги убил сите тројца за да може да се даваат вакцини во овие земји, го оценуваме како невистина. Тоа е конспирациска теорија која има за цел да ја минимизира сериозноста на болеста ковид-19, којашто ја сфатија сите три посочени земји, секоја на свој начин.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар