2win800x200

Фејсбук објава паушално тврди дека ковид е лага

Ноември 27, 2021

Ковид-19, болеста која ја предизвикува коронавирусот е реалност, а тоа го потврдуваат секојдневните бројки на заболени и починати луѓе од вирусот низ целиот свет. Според последните податоци од СЗО, заклучно со 15 ноември 2021 година, во светот има вкупно  254.189.143 потврдени случаи, а бројот на починати е над пет милиони –  5.118.348. Кај нас од почетокот на пандемијата досега се регистрирани 209.277 заболени и 7.328 починати

Фејсбук објавата што е предмет на оваа анализа лажно тврди дека ковид-19 не постои и ја повикува јавноста да се сомнева и за сите други болести, потег кој истовремено е неодговорен, но и штетен.

Во постот се вели:

Очигледно нè лажат за КОВИД, па логично е да се сомневаме дека и за други области од медицината нè мамаат… ?

Тврдењето „не лажат за ковид“ е неточно.

Ковид-19, болеста која ја предизвикува коронавирусот, постои и е реална, а тоа го потврдуваат секојдневните бројки на заболени и починати луѓе од вирусот низ целиот свет во последната година и половина.

Коронавируост за првпат се појави во Кина на крајот на декември 2019 година. Светската здравствена организација (СЗО) потврди дека генетскиот материјал РНК на вирусот е изолиран на 7 јануари 2020 година. Ова е нов вирус кој претходно не е регистриран кај луѓето.

Во март минатата година СЗО прогласи пандемија на ковид-19. На 11 март 2020 година, брзото зголемување на бројот на случаи надвор од Кина го натера генералниот директор на СЗО да објави дека епидемијата може да се карактеризира како пандемија. Дотогаш беа пријавени повеќе од 118.000 случаи во 114 земји, а беа регистрирани 4.291 смртни случаи.

Според последните податоци од СЗО, заклучно со 15 ноември 2021 година, во светот има вкупно  254.189.143 потврдени случаи, а бројот на починати е над пет милиони –  5.118.348. Кај нас од почетокот на пандемијата досега се регистрирани 209.277 заболени и 7.328 починати (состојба на 14.11.2021).

На специјалната веб-страница на Владата посветена на коронавирусот пишува дека:

Ковид-19 е заболување предизвикано од SARS-CoV-2 , вирус од фамилијата коронавирус, првично откриен во Кина во декември 2019 година. Вирусот е причинител на акутно вирусно респираторно заболување. Ковид-19 примарно се шири преку капки на плунка или секрет од носот на заразена личност, кога тој ќе кивне или ќе кашла“.

Коронавирусите се големо семејство на вируси за кои е познато дека предизвикуваат болести кои варираат од обична настинка до посериозни заболувања како Респираторен Синдром од Блискиот Исток (БИРС) и Сериозен Акутен Респираторен Синдром (САРС).

Сосема е нелогично е да се тврди дека „не лажат за ковид“ во ситуација кога во многу земји има сè повеќе заразени, особено со делта сојот, кога во ниту една земја населението не е целосно вакцинирано, а во одредени сиромашни земји има многу мал процент на вакцинирани. Следствено на тоа, секојдневно расте бројот на заразени, како и на смртни случаи како последица од самиот вирус.

Меѓу починатите од почетокот на пандемијата и во земјава и во светот имаше и јавни личности, а дел од пациентите кои прележаа ковид јавно говореа за своите искуства со болеста и нејзината сериозност, а јавни сведочења имаа и семејствата на некои од починатите. Впрочем, секој од нас има роднини, пријатели или колеги кои биле или се заболени од вирусот, па не може вака тенденциозно да се тврди дека вирусот е измислен и не постои.

Тврдењето што се пласира во овој пост е навреда за семејствата на заразените и починатите од вирусот. Ваквите објави дека болеста не постои се неодговорни, опасни и штетни и го поттикнуваат населението да се опушта, да не внимава на мерките и да не се вакцинира.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани