АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Со разигран, креативен и исклучително инспиративен хепенинг ОУ „Гоце Делчев“-Битола, денеска го прослави патрониот празник 4 - Мај. Во дворот на училиштето со однапред подготвена програма учениците се претставија пред многубројните гости, присутни родители и пријатели на школото, настапувајќи со музичко -танцувачки точки.
Во еден дел по секции и наставни предмети училиштето ги изложи најдобрите изработки, трудови и се’ она што учениците со големо задоволство го изработувале на часовите во текот на годината.
Денот започна кога дел од учениците положија свежо цвеќe пред бистата на великанот Гоце Делчев, во школската зграда, каде директорката на училиштето Зора Дамјанова им ги врачи наградите на најуспешните ученици на литературно-ликовните конкурси: „Најубавиот ракопис“ и „Планетата земја –наш заеднички дом“, а дипломи добија и други училишта од градот кои се вклучија во активностите за одбележување на патронатот. Беше одржан и историски час за ликот и делото на македонскиот национален херој, деец на Македонската револуционерна организација, Гоце Делчев.
Синоќа во малата сала на Центарот за култура се одржа свечена академија на која настапија училишниот хор, музички солисти и рецитатори кои изведоа пригодна програма. Академијата беше дел од повеќето активности за одбележување на празникот што зборува за богатството од знаење што го нуди школото, за успесите и за плановите во иднина.