АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Ветување: Оваа втора фаза од изградбата на експресниот пат е во должина од 17 километри е поделена на две секции. Првата секција ја опфаќа делницата од Три Чешми до Штип Југ, а втората од клучката Бучим до Радовиш. На оваа делница вкупно се изведени 16 објекти за премостување и 3 клучки. Очекуваме работните активности да завршат пролетта 2022 година – истакна директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми.
[Извор: Канал 5 – изјава на директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми; Датум: 23.09.2021 г.]
Директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми при проверка на градежните активности на патот Штип-Радовиш на 23 септември 2021 година, изјави дека експресниот пат Штип-Радовиш ќе биде готов до пролетта 2022 година. Изградбата на експресниот пат е целосно завршена во средината на декември, четири месеци пред рокот, па ветувањето го оценуваме како исполнето.
Првата фаза од експресниот пат од 23,56 километри од клучката Штип-југ до Бучим беше пуштена во употреба во јуни 2021 година. Втората фаза од патот ги опфаќа делниците од клучка Три чешми до Штип-Југ, како и делницата од Бучим до Радовиш. Според состојбата од 23 септември, прогресот на градежните активности на овој пат бил 65 проценти, а вкупната инвестиција 15 милиони евра. Должината на втората фаза од патот е 17 километри.
На 16 декември 2021 година, четири месеци пред рокот кој го прецизираше Рустеми и кој фигурира во Договорот за изградба на патот, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, соопшти дека патот е завршен.
Драго ми е што четири месеци пред рокот ја завршивме изградбата на експресниот пат Штип-Радовиш. Ова е пример како се работи на терен и како се реализираат капиталните инвестиции, истакна министерот Благој Бочварски при посета на населеното место Три чешми во Штип на 16 декември 2021 година.
Според соопштението објавено на веб-страницата на Владата на Република Северна Македонија од 16 декември 2021 година, градежните работи на последната делница од Три чешми до обиколница Штип се завршени, со што се комплетира изградбата на експресниот пат од Штип до Радовиш. Од 16 декември делницата Три чешми – обиколница Штип е пуштена за сообраќај за сите возила под времен режим.
Вкупната должина на овој патен правец изнесува 40 километри и се грaдеше во две фази и тоа првата фаза од Штип до Бучим која е во должина од 23,5 километри и вредност од 48 милиони евра, додека втората фаза, делницата Три Чешми до Штип – Југ и од Бучим до Радовиш е со должина од 17 километри и инвестиција од 14,9 милион евра.
Веќе најавив дека завршувањето на овој експресен пат се случува четири месеци пред рокот. Драго ми е што и во текот на овој месец декември се уште гледаме механизација на терен, се уште се асфалтира, а тоа значи дека и капиталните инвестиции во државата растат. И вториот аспект што сакам да го нагласам е дека се реконструира и асфалтира и помошниот пат на излезот од Штип за да го вратиме во првобитната состојба. На барање на жителите на Три чешми, одговоривме позитивно и заедно со тимот инженери од ЈП за државни патишта, од Министерството и од Изведувачот и Надзорот веќе го градиме ислучувањето, така што имаме еден модерен и безбеден патен правец, изјави министерот за транспорт и врски, Бочварски.
Со оглед на тоа што најавата на д иректорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми е дека патот ќе биде готов во пролетта 2022 година, а тој е завршен во декември 2021 година, ова ветување го оценуваме како исполнето.
Оцени: Мирослава Бурнс
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар