АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Рецензираме пост на Фејсбук во кој базирано на видео материјал кој трае две минути, авторот заклучува дека „ковид пандемијата е испланирана пред 1995 година и дека тоа е поврзано со 5Г“.
Јас одамна пишувам за отровите, запрашувањето, ГМО храната, короната и 5 Г, честопати со неверување ги следевте моите објави!!! Но, еве ви сега јавно признавање уште од 1995 година што се ни прават а вие и понатаму немојте да верувате, молчете и трпете. Подобар доказ од ова и од тоа што ни се случува и што ќе ни се случува здравје!!!, се вели во објавата предмет на нашата рецензија.
Во видео материјалот свое излагање односно говор има францускиот теоретичар на заговори, Пјер Жилбер. Во говорот Жилбер се осврнува на настаните, кои, според него, ќе се случат до 2000 година.
Загадувањето кое ќе го ставиме во крвта и вените ќе го присили човештвото да прими вакцини. Ќе се создадат инфекции намерно и ќе создадат закони со кои ќе се обврзат граѓаните на вакцинација, да мора да прифатат вакцини. Во тие вакцини ќе биде присутно сè за да може да бидете контролирани. Во вакцините ќе вметнат течни кристали, што ќе се задржат во вашите мозочни ќелии и ќе се претворат во микро приемници на електромагнетни полиња, кои, пак, ќе бидат испратени со ултразвучни бранови на многу ниски френвенции. Со тие бранови ќе спречат да мислите и ќе ве направат зомбија, вели Жилбер (00:00 – 01:01 мин. од видеото).
Сетете се што се случи во Руанда во 1994 година. Колеж на 1 милион луѓе за 3 месеци со секири, ножеви и мотики. И конечно, постојат концентрациони логори изградени од Обединетите нации. Имам слики од логорите во Северна Америка. Во овие логори ќе ве примат вас, кои не се согласувате со дефиницијата за тоа што е нов граѓанин.
Во врска со изнесеното тврдење на Жилбер дека во мозокот ќе имаме течни кристали, таа е неоснована зашто течните кристали не се рецептори за електромагнетно поле. Течните кристали се кристални структури кои во супстратот ја менуваат ориентацијата во зависност од температурата или притисокот, што се рефлектира во модифицирање на НИВНАТА БОЈА ИЛИ РЕФЛЕКСИЈА, вели за АФП, Хелен Галиг, специјалист за електроника и комуникации.
Ништо што би можело да се нарече течен кристал не постои во вакцините против ковид-19. Единствено постојат минерални соли кои дислоцираат раствор на јони, но тоа во ниеден случај не е течен кристал, туку стабилизатор на вакцината, кој се користи со децении, вели Јелена Калиниќ, новинар, која известува за наука.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар