2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Не е прогласен крај на пандемијата во Германија на 14 јануари 2022 година

Јануари 27, 2022

Не е вистина дека во Германија завршила пандемијата со коронавирусот. Напротив, земјата се соочува со рекордни бројки на новозаразени, што е закана за нејзиниот здравствен систем. Тоа го покажува епидемиолошката состојба во земјата, рекордниот број на новозаразени со омикрон во Германија во периодот пред и по 14 јануари 2022 година, препораките за вакцинација со трета доза за младите, а се воведиваат и порестриктивни мерки за  влез на странски посетители кои не се вакцинирани или прележани

Рецензираме пост објавен на Фејсбук во кој се тврди дека на 14 јануари 2022 година, е прогласен крај на пандемијата со коронавирусот во Германија. За ваквото бомбастично тврдење, авторот на постот не нуди никакви дополнителни информации или причини врз основа на кои го темели овој неточен заклучок.

Особено е неверојатно дека е пласирано вакво тврдење во услови кога медиумите секојдневно известуваат за состојбата во Германија и другите западноевропски земји поврзана со коронавирусот и здравствената криза.

На 14 јануари 2022 година, за кога во постот е најавен таканаречениот крај на пандемијата, светските медиуми известуваат за една сосема поинаква состојба во Германија!

На веб-страницата на Светскиот економски форум, за 14 јануари 2022 година објавено е дека германскиот комитет за вакцинација препорачал сите деца на возраст од 12 до 17 години да примат бустер доза од вакцината. Оваа одлука за бустер дозата, ја прави Германија една од првите држави во светот да препорача такво нешто, после САД, Израел и Унгарија. Ова доаѓа откако Германија пријави нов рекорд на случаи кој изнесува 81.417 случаи. Од оваа бројка произлегува дека пандемијата е далеку од завршена во Германија. Омикрон, исто така, стана доминантна варијанта во оваа земја, а институтот „Роберт Кох“ информираше дека омикрон во Германија опфаќа 73.3 проценти од сите регистрирани случаи.

Моменталната состојба со стрмен раст во бројот на случаи поради омикрон варијантата и стравот од нејзините последици врз германскиот здравствен систем, прават да е неопходно да се прошири вакциналната кампања, рекоа од вакциналниот комитет СТИКО.

Третата доза треба да е мРНК вакцина од Фајзер и треба да се аплицира најрано 3 месеци откако детето ја примило втората, додадоа од СТИКО.

Дека не било ништо подобро во поглед на бројот на нови ковид случаи во Германија и претходните денови, покажува овој напис од „Гардијан“ од 12 јануари 2022 година. Во него се вели дека во Германија е пријавен рекорден број на ковид случаи со омикрон од страна на „Роберт Кох“ институтот, вкупно 80.430 случаи, нов рекорд за тој ден, откако претходниот рекорд бил регистриран во средината на ноември и бил 65 илјади случаи. Според извештајот на „Роберт Кох“ институтот, за само 24 часа 348 луѓе починале од коронавирус.

На 16 јануари 2022 година, пак, два дена по наводното и непостоечко прогласување крај на пандемијата во Германија, оваа земја ги прогласи сите соседи со кои се граничи за земји од висок ризик за патување.

Тоа значи дека секој што ја поминува границата со Германија, а не бил вакциниран или не прележал неодамна, мора да оди во карантин 10 дена. Изолацискиот период може да се скрати ако се обезбеди негативен тест.

Поради сите горенаведени факти, меѓу кои, епидемиолошката состојба во Германија, бројот на заразени, препораките за вакцинација со трета доза за младите, политиките на заштита од странски посетители кои не се вакцинирани или прележани, како и поради рекордниот број на новозаразени со омикрон во Германија во периодот на 14 јануари 2022 година и во деновите пред и потоа, оценуваме дека не е вистина дека во Германија на 14 јануари пандемијата со коронавирусот завршила. Напротив, земјата се соочува со рекордни бројки на новозаразени, што е закана за нејзиниот здравствен систем.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани