АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Рецензираме пост објавен на Фејсбук, во кој е поставено видео од црно бела камера, поставена во просторија за којашто се тврди дека е мртовечница во Русија. На видеото се гледа дека човек прекриен со бела прекривка, „се буди“, станува од пултот каде што е поставено телото и почнува да се движи.
25.01.2022. Русија, град Тверк. Ова е видео од мртовечница. Човекот е жив, вели авторот на постот кој го рецензираме.
Снимката предизвика огромно внимание во Русија. Фактите се дека станува збор за видео сценирано за потребите на руска играна серија. На видеото нема мртовец кој воскреснува, туку е прикажан актерот Андреј Мерзликин како го создава работниот материјал за снимањето на серијата „Здраво повторно!“. Трејлерот за оваа серија е поставен на каналот „Јутјуб“ од средината на декември минатата година.
На 33 секунда и на 37 секунда на видеото погоре од трејлерот, може да ги видите обработените кадри во боја, кои влегле во серијата и кои се дел од неа. Значи, човекот е навистина жив, ама е и актер, и не се работи за мртовечницата, туку за сцена од филм.
https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2022/01/screen-shot-2022-01-27-at-22.13.29-768x436.png 768w, https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2022/01/screen-shot-2022-01-27-at-22.13.29.png 812w" alt="" width="300" height="170" class="alignnone size-medium wp-image-118052 b-loaded" style="box-sizing: border-box; border: 0px; vertical-align: middle; max-width: 100%; height: auto;" />https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2022/01/screen-shot-2022-01-27-at-22.12.53-768x428.png 768w, https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2022/01/screen-shot-2022-01-27-at-22.12.53.png 829w" alt="" width="300" height="167" class="alignnone size-medium wp-image-118055 b-loaded" style="box-sizing: border-box; border: 0px; vertical-align: middle; max-width: 100%; height: auto;" />
Снимањето не е во Твер туку во Москва, во Рускиот национален истражувачк медицински универзитет Пирогов.
Згора на тоа, некои од гледачите на црно белото видео, го забележале и филмскиот микрофон во кадарот и него може да го видите на видеото во продолжение.
И руските медиуми веќе објавуваат дека станува збор за сцена од играна серија. Според сценариото, мртовецот навистина е по грешка прогласен за мртов, за потребите на филмот. Од Министерството за здравство на Твер изјавија
Ова видео е лажно. Собата, која во видеото е означена како една од мртовечниците во Твер, всушност не мртовечница во Твер – објаснија за Метро од прес-службата на регионалниот оддел.
Поради горенаведените факти, постот што го рецензираме го оценуваме како невистинит. Не е точно дека видеото во постот е од мртовечница и дека човекот е жив, туку станува збор за кадар од сцена од руска играна серија, а човекот е актер.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар