АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во објава на социјалната мрежа Фејсбук се тврди дека вакцината на „Фајзер“ не е тестирана и нема одобрение за употреба од американската Агенција за храна и лекови (ФДА), туку дека истата се користи само под ознака за „итна употреба“. Ова е целосна дезинформација.
Во објавата на Фејсбук пишува:
Една година потоа. Директно од ФАЈЗЕР, инфо за пелцот. (United States © 2022 Pfizer Inc. All rights reserved).
1- Шмајзер вакцината сеуште е во употреба под дозволата за ИТНА употреба.
2- Шмајзер вакцината сеуште НЕ Е ЛИЦЕНЦИРАНА И ОДОБРЕНА од државната агенција ФДА.
3- Шмајзер вакцината е наменета за лица од 16годишна возраст и постари.
– Ова значит дека, вакцинацината НЕ Е ТЕСТИРАНА ЗА БЕЗБЕДНОСТ, ЕФИКАСНОСТ и затоа нема лиценца и одобрение за употреба туку се користи под притекстот на ИТНОСТ и само до периодот на ИТНОСТА. Значи лимитиран период.
– Тоа подразбират дека вакцинирањето е НА ВАША ОДГОВОРНОСТ.
Наспроти тврдењата на авторот на постот, кои се невистинити, вакцината на „Фајзер“ од август 2021 година е целосно одобрена за користење.
Впрoчем, вакцината на Фајзер стана првата вакцина во светот, која доби целосна дозвола за употреба од Американската агенција за храна и лекови.
Комесарот на Американската агенција за храна и лекови, Џенет Вудкок, рече дека јавноста може да биде сигурна дека вакцината ги исполнува највисоките стандарди на безбедност, ефикасност и високи стандарди во начинот на производство.
Вакцината на Фајзер е целосно одобрена за користење кај лица постари од 16 години. Американската агенција за храна и лекови во својот извештај за трајното одобрение што го доби Фајзер, вклучи податоци од испитувања врз 44 илјади луѓе. Според овој извештај, вакцината наречена „комирнати“ има 91 отсто ефикасност во превенција на ковид-19.
Американската агенција на почетокот ѝ даде на Фајзер привремена дозвола, што претставува одобрение во кое што ФДА утврди дека бенефитите од вакцината ги надминуваат потенцијалните ризици во услови на пандемија. Потоа, беше донесено и трајното одобрение.
Дозволата за итна употреба беше издадена врз основа на клинички тестирања, кои покажаа дека вакцината е 94 проценти ефикасна кај повозрасните од 56 години, 95 проценти ефикасна кај луѓето со барем еден коморбидитет, кој ги прави поподложни да развијат тешка клиничка слика од ковид-19 и 96 проценти ефикасна кај лица со висока телесна тежина, состојба што прави да се поподложни на последиците од ковид-19. Документот со овие податоци може да се види на следниот линк.
На официјалната страница на ФДА пишува дека вакцината продолжува да биде достапна под одобрение за итна употреба (EUA) и за лица на возраст од 12 до 15 години и за администрација на трета доза кај одредени имунокомпромитирани лица.
Одобрувањето на оваа вакцина од страна на FDA е пресвртница, бидејќи продолжуваме да се бориме со пандемијата COVID-19. Иако оваа и другите вакцини ги исполнија ригорозните, научни стандарди на FDA за овластување за итна употреба, како прва вакцина против COVID-19 одобрена од FDA, јавноста може да биде многу уверена дека оваа вакцина ги исполнува високите стандарди за безбедност, ефективност и квалитет на производството. ФДА бара одобрен производ. Иако милиони луѓе веќе безбедно примиле вакцини против Ковид-19, ние признаваме дека за некои, одобрувањето од ФДА за вакцина сега може да влее дополнителна доверба за да добијат вакцинирани. Денешната пресвртница не става чекор поблиску до промена на текот на оваа пандемија во САД, рече вршителот на должност комесарка на ФДА, д-р Џенет Вудкок.
Во вториот дел од постот авторот на објавата на Фејсбук исто така изнесува дезинформации.
– Вакцината е наменета за лица САМО од 16годишна возраст и постари.
– Тогаш зошто вакцини за децата од 5 до 12 години, а скоро почнаа и за деца помали од 5 години? Колку информации се потребни за будење и заштита на децата?
Впрочем и во линкот од Фајзер, кој го споделува авторот, јасно стои дека ФДА ја одобри вакцината и за апликација кај деца.
„COMIRNATY“(вакцина за СОВИД-19, mRNA) одобрена од FDA и вакцина Pfizer-BioNTech COVID-19 овластена за овластување за итна употреба (EUA) за поединци на возраст од 12 години и постари, кога се аплицира според соодветните упатства за употреба. Одобрена е како серија од две дози за превенција на ковид-19 кај лица на возраст од 16 години и постари. Има одобрение за примарна серија од две дози за лица на возраст од 12 до 15 години и трета примарна сериска доза за лица на возраст од 12 години и постари лица со имунокомпромитирачки состојби. Се применува и како единечна бустер доза за лица на возраст од 18 години и постари кои имаат завршена примарна вакцинација со друга овластена или одобрена вакцина за ковид19, стои на официјалната страница на Фајзер.
И Европската агенција за лекови (ЕМА) ја одобри употребата на вакцините на Фајзер и на Модерна и за деца на возраст од 12-15 и 12-17 години. Вакцината на Модерна против ковид-19 е втора вакцина која е одобрена за деца на возраст од 12 до 17 години.
Вакцината против ковид-19 на германската Бионтек и на неговиот американски партнер Фајзер во иднина може да се применува и кај старосната група од 12 до 15 години, откако Американската агенција за лекови, ФДА, ја издаде потребната дозвола.
Ова претставува значаен чекор во борбата против пандемијата. Овој чекор овозможува заштита на помладото население, што нѐ води сѐ поблиску кон чувството на враќање кон нормалност и крај на пандемијата. Родителите можат да бидат сигурни во строгата и темелна проверка на сите расположливи податоци извршени од ФДА пред издавањето на дозволата за вакцината, истакна директорката Џенет Вудкок.
На официјалната страница на ЕМА (Европска агенција за лекови) може да се види дека одобрение за употреба имаат вакцините на Фајзер, АстраЗенека, Модерна и Џонсон, што е доволен доказ дека вакцините се во согласност со стандардите на ЕУ за безбедност, ефикасност и квалитет, дека се произведени во одобрени, сертифицирани објекти и фабрики, според сите фармацевтски и научни стандарди.
Поради сите горенаведени факти, овој пост го оценуваме како дезинформација.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар