Според визуелниот приказ на ВМРО-ДПМНЕ, направен е обид да се протурка манипулација дека во период од 100 дена, градоначалниците од партијата реализирале 1.090 проекти. Станува збор за извртување на вистината и манипулација со јавноста, со оглед на тоа што по ниту една основа не е можно во рок од три месеци да бидат реализирани проекти, (како на пример 33 градинки и 68 училишта), како што тврди ВМРО-ДПМНЕ во својот отчет, бидејќи за да се оствари сето тоа, потребни се многу подолги процедури
Пишува: Мери Јордановска
Под слоганот „Промени што носат иднина – 100 дена градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ“, партијата, која на локалните избори освои најголем дел градоначалнички места – 42, даде отчет за сработеното, во неделата, на 13 февруари.
Во соопштението, односно според визуелниот приказ што го објави ВМРО-ДПМНЕ на нивната веб-страница за реализираните проекти на градоначалниците, се препознава спин.
Спин: За само 100 дена 1090 реализирани проекти – 166 капитални објекти; 33 градинки; 68 улилишта; 206 улици и патишта се градат и реконструираат; 111 водоводи и канализации; 96 игралишта и паркови; 200 диви депонии се расчистени.
[Извор: ВМРО-ДПМНЕ – Соопштение, датум: 13.02.2022]
https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2022/02/kontraspin-foto-vistinomer-1024x281-e1500652724996-1-1-300x82.jpg 300w" alt="" width="650" height="178" class="aligncenter wp-image-119897 size-full b-loaded" style="box-sizing: border-box; border: 0px; vertical-align: middle; clear: both; max-width: 100%; height: auto; display: block; margin: 15px auto 25px;" />
Контраспин: Во визуелен приказ на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, каде што се тврди дека во првите 100 дена, градоначалниците од партијата оствариле 1.090 проекти, меѓу кои и 33 градинки и 68 училишта, се препознава класичен спин.
Станува збор за извртување на вистината и манипулација со јавноста, со оглед на тоа што по ниту една основа не е можно во рок од три месеци да бидат реализирани проекти како 33 градинки и 68 училишта. Според визуелниот приказ што го дава партијата, направен е обид да се протурка манипулација како во овој период од 100 дена, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ да изградиле толкав број објекти, со оглед на тоа што истите се ставени како „реализирани“.
Инфографикот на партијата е придружен и со соопштение, каде што малку подетално се објаснува за што станува збор, односно меѓу редови, партијата дообјаснува, но сепак непрецизно, дека станува збор за „68 проекти во областа на образовната инфраструктура и 33 проекти во градинки“. За проект во градинка може да се смета и одреден проектен настан, како на пример, одбележување детска недела, одбележување на месецот на книгата и слично. Како проект во образовната инфраструктура, пак, може да се смета и опремена училница или реновиран тоалет во училиште.
Но, сето ова не смее да се прикажува како проект којшто кај јавноста, според објавената фотографија, оддава впечаток дека е изграден цел објект, односно училиште или градинка за период од само три месеци.
https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2022/02/slika-249x300.jpg 249w, https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2022/02/slika-768x925.jpg 768w, https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2022/02/slika-1275x1536.jpg 1275w, https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2022/02/slika-180x217.jpg 180w, https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2022/02/slika-267x322.jpg 267w, https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2022/02/slika.jpg 1328w" alt="" width="850" height="1024" class="aligncenter wp-image-119907 size-large b-loaded" style="box-sizing: border-box; border: 0px; vertical-align: middle; clear: both; max-width: 100%; height: auto; display: block; margin: 15px auto 25px;" />
Во врска со ова министерот за локална самоуправа Горан Милевски, говорејќи на „Утрински брифинг“ на 14 февруари изјави дека станува збор за проекти кои се веќе започнати од претходниците, а сега само се финализираат.
Велат улици изградиле. Не може вие за 100 дена проект да направите, тендер да распишете, да асфалтирате, да пуштите во употреба. Сето тоа е направено од нивните претходници. Во овој период од 100 дена тие можеа единствено да исчистат депонии, да нивелираат шахти и да почнат да изработуваат градежни проекти за да можат да ги аплицираат, изјави Милевски.
За градинките и училиштата кои се наведени во отчетот за оствареното, Милевски тврди дека тие се проекти на министерствата за локална самоуправа и на образование.
Тие се проекти на Министерството за локална самоуправа и на Министерството за образование, кои почнале минатата година, како на пример, реконструкции на училишта и на градинки, и тие се финализираат сега. Ова е фалење со туѓи перја и манипулирање со јавноста.
Дополнително, на официјалните веб-страници од општините не може да се најдат детални податоци за остварените проекти во општините во првите 100 дена, а на Фејсбук страниците нема податоци за нови проекти за градинки.
За пример да земеме дел од скопските општини каде што ВМРО-ДПМНЕ доби градоначалници од партијата. Последната објава на Фејсбук страницата на Кисела Вода за изградба на градинка датира од 27 септември 2021 година, кога сè уште не беа одржани локалните избори. На страницата на Општината Ѓорче Петров воопшто нема податок за изградба или проект за градинка, а единствено на Фејсбук страницата на Општина Бутел стои дека „во градинките се опремиле десет училници со нови масички и столчиња, нови дидактички играчки за дечињата, нови меки подлоги и нови шкафчиња“. Во Општината Аеродром, пак, во ноември минатата година на иницијатива на градоначалникот Тимчо Муцунски, Советот донел одлука за изградба на нова градинка на местото од кафаната во склоп на ОУ „Блаже Конески“, нешто што е далеку од „реализиран проект“.
Според овие податоци, на градинките не може да се гледа како на остварени проекти. Во одредени случаи, кога се донесени одлуки за изградба на нови инфраструктурни објекти, може да се каже дека истите се започнати, но не и остварени.
Оттаму, визуелниот приказ на ВМРО-ДПМНЕ дека се остварени 1090 проекти, меѓу кои 33 градинки и 68 училишта претставува класичен спин и манипулација со јавноста, дотолку повеќе што голем дел од проектите се започнати од претходните структури или, пак, како што изјави министерот Милевски, со финансиска поддршка од ЕУ и од министерствата за образование и локална самоуправа.
https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2021/09/ned-logo-768x180.png 768w, https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2021/09/ned-logo.png 873w" alt="" width="300" height="70" class="size-medium wp-image-106627 alignleft b-loaded" style="box-sizing: border-box; border: 0px; vertical-align: middle; max-width: 100%; height: auto; margin: 5px 20px 15px 0px; float: left;" />Овој напис е изработен во рамките на проектот Проверка на фактите за напредокот на Северна Македонија кон ЕУ, имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Написот, кој е првично објавен во Вистиномер, e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација NED (National Endowment for Democracy). Содржината на написот е одговорност на авторот и не секогаш ги одразува ставовите на Метаморфозис, НЕД или нивните партнери.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар