АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Ветување: Чистење на јавниот простор во Општина Сарај на местото каде се предвидува изградба на социјални станови
[Извор: Предизборна дебата за локалните избори 2021, VOX Tv (од 17:30 минута од видеото); Датум: октомври 2021г.]
Градоначалникот на Општина Сарај, Блерим Беџети, во предизборната кампања за локалните избори (октомври 2021 година) вети расчистување на узурпираниот јавен простор каде што треба да се градат социјални станови. Ова ветување на Беџети, според проверката на „Вистиномер“, е исполнето.
На 10 октомври 2021 година за време на предизборната дебата за „Vox Tv“, тогашниот кандидат, а сега и градоначалник на Општина Сарај, Беџети, зборувајќи за проектите кои планира да ги реализира во новиот мандат, меѓу другото, кажа:
Нема дискусија за тоа прашање, освен расчистување на узурпираниот паркинг, треба да продолжи и чистењето на просторот за изградба на социјалните станови, односно 46 станови за кои се средени сите документи, па покрај поликлиниката треба да почне и изградбата на социјалните станови.
Еден месец по стартот на новиот градоначалнички мандат, односно на 29 ноември 2021 година, Беџети, во врска со ова ветување на својот Фејсбук профил напиша:
Општина Сарај го чисти узурпираниот простор на локацијата каде што е предвидено да се градат социјални станови.Се известуваат сите жители дека Општината ќе продолжи со акцијата за чистење на узурпираниот простор и ќе бидат преземени законски мерки.
На официјалниот Фејсбук профил на Општина Сарај се објавени фотографии направени пред и после средувањето на овој простор, од кои се гледа дека локацијата каде што треба да се градат социјални станови е исчистена.
Со оглед на тоа што узурпираниот простор е ичистен ова ветување на градоначалникот Беџети го оценуваме како исполнето.
Оцени: Дрилон Салиу