АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Спогодбено раскинување на петгодишните договори за бесплатниот школски превоз со Општината и средни училишта во градот бара превозникот „Боби Турс“ од Битола. Од оваа фирма за апла.мк велат дека денеска преку архива лично до Техничкото училиште во Битола, Економското и Земјоделското училиште како и гимназијата „Таки Даскало“ и до Општина Битола доставиле барања во кои стои дека бараат предвремено и спогодбено раскинување на договорите кои имаат важност до 2020 година за бесплатниот школски превоз.
-На четири средни училишта во градот и до општината денеска преку архива им ги доставивме барања, во нив бараме спогодбено и пред време да ги раскиниме договорите за школскиот превоз, од причина што сметаме дека тоа не доведува до нерентабилно работење. Очекуваме дека училиштата и Општина Битола ќе одговорат позитивно на нашето барање, велат од „Боби Турс“за апла.мк и додаваат дека доколку спогодбено не се раскинат договорите тогаш тие се решени да го почекаат рокот кој го диктира договорот, а тоа е три месеци однапред да ги известат барателите на услуги дека се откажуваа од договорот.