АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Работникот кој вчера починал при изградба на стадионот кај Тумбе кафе во Битола паднал од скеле високо еден метар и 90 сантиметри. Очевидци велат дека скелето не било многу високо, туку падот бил незгоден за 58 годишниот градежен работник Д.Д од битолското село Црнобуки. Според битолската полиција, работникот починал вчера околу пладне откако изгубил рамнотежа и паднал од скеле на бетонска подлога при изградба на стадионот кај Тумбе кафе во Битола. Од екипа на Итна медицинска помош бил пренесен во Клиничката болница во Битола каде му биле констатирани тешки телесни повреди, па бил префрлен во болница во Скопје каде починал.
На местото на несреќата бил извршен увид од СВР Битола во присуство на трудов инспектор. Очевидци велат дека кога стигнала трудовата инспекција лицето било веќе подигнато од местото за да му се укажи лекарка помош. Другите работници во изјавите што ги дале за надлежните рекле дека работникот носел заштитна опрема, а неа ја носеле и останатите градежници кај стадионот. За време на несреќата се вршело бетонирање, а работникот бил на скеле високо само еден метар и 90 сантиметри, а широко околу еден метар што било доволно за тој да може да се движи низ него. Надлежните служби понатаму ќе истражуваат дали скелето било обезбедено со ограда, дали просторот околу него бил заштитен, дали врз работниците бил направен редовен лекарски преглед и други детаљи за да се утврдат причините за несреќата.
Битолчанец со раскрвавени рани на двете раце е пронајден синоќа под Тумбе кафе и итно пренесен во Скопје.
Несреќата се случила околу 21,50 часот кога во СВР- Битола е пријавено дека кај градското шеталиште под Тумбе кафе, има повредено лице.
Извршен е увид на местото на настанот при што е констатирано дека се работи за лицето З.Л.(67) од Битола.
На повредниот веднаш му е укажана лекарска помош од страна на Итна медицинска помош во Битола, при што било констатирано дека З.Л. ма обилно крварење од вените на двете раце, по што итно е пренесен во Скопје во комплексот клиники "Мајка Тереза" за лекарска помош.
Синоќа на паркингот кај „Веро“ маркетот, битолчанец, очигледно имал проблеми со паркирањето. Во градот често се случуваат вакви инциденти или несреќи , а не се ретки и оние кога заради погрешно паркирање, автомобили завршувале во реката Драгор. Според очевидци за среќа нема настрадани од неуспешното паркирање.