2win800x200

Основниот суд во Битола ги закажа првите рочишта за спорот во кој превозници од Битола тужат училишта  од градот за неиплатени фактури за бесплатниот превоз на ученици од септември 2018 година.

Превозот беше регуларан  со петгодишните договори меѓу Општина Битола и превозници, а сега тие договори  се во фаза на раскинување и им поминува отказниот рок кон средината на февруари годинава.

Првото  рочиште е закажано  за 28 јануари за гимназијата „Таки Даскало“, а потоа следуваат судски рочишта во февруари и март за другите средни училишта.

Основното јавно обвинителство од Битола води нова истрага во врска со петгодишните договори за линискиот превоз, односно бесплатниот школски превоз потпишани со Општина Битола.

Веста за апла.мк ја потврди обвинителката Лиле Талевска од ОЈО во Битола, но не даде дополнителни информации во интерес на истрагата.

-Да, има такво нешто, но во таа насока јавноста ќе има официјални и прецизни информации за многу скоро, односно за кратко време обвинителство ќе излезе со соопштение, потврди за апла.мк обвинителката  Талевска.

Договорите што Општина Битола и училиштата  ги потпишале  со превозниците  се со важност до 2020 година.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани