Webp.net gifmaker

Во централното ООУ „Славко Лумбарковски” во Новаци и подрачните основни училишта во општина Новаци, најголем дел од учениците од прво до петто одделение ќе следат настава со физичко присуство, додека пак во подрачното училиште во село Бач, настава со физичко присуство ќе следат и учениците од шесто до деветто одделение. Согласност за настава со физичко присуство за учениците од прво до петто одделение добија и подрачните училишта во селата Живојно, Далбеговци, Агларци, Добромири, Рибарци и Гермијан.

Во Општина Новаци организирана настава со физичко присуство ќе има во ООУ „Славко Лумбарковски“ за учениците од четврто и петто одделение, и во ПУ с.Бач за учениците од шесто до деветто одделение; во ПУ с.Живојно, ПУ с.Далбеговци, ПУ с.Агларци, ПУ с.Добромири, ПУ с.Рибарци, и ПУ с.Гермијан, исто така за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение.

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок со министерот за здравство Венко Филипче побара да се затворат градинките, училиштата и факултетите на ниво на целата држава во следните 14 дена. Предлогот на Комисијата, министерот ќе го достави до Влада која ќе донесе одлука уште на денешната седница. Одлуката ќе биде соопштена во јавноста. Исто така, Комисијата предлага да се забранат сите масовни собири на отворено и затворено , сите културни настани  и спортски натпревари, да избегнуваа јавен превоз. Комисијата препорачува сите вработени во јавното здравство да бидат ослободени од понатамошни активности поврзани со изборниот процес.

 Инаку, во Битола има помалку од 15 000 ученици во десет основни и седум средни училишта. 

 

Четири дена нема одговор од Министерството за образование на обвинувањата на директорот Димитар Пипилевски од ОУ „Крсте Мисирков“ од Бистрица дека ќе се реновираат само подрачните училишта на албански јазик што се под ова централно училиште.

 

Со презентација на проекти подготвени на германски јазик, 111 ученици од битолски училишта предводени од нивните професори го прославија 22 роденден на Здружението за македонско-германско пријателство и соработка од Битола. Малата сала во Центарот за култура беше преполна од ученици кои учествуваа во манифестација и други гости кои дојдоа да ја проследат програмата. Учениците на сцената покажаа солидно говорење, читање и разбирање на германскиот јазик како да им е мајчин, што пак беше резултат на нивното интересирање за него и заеднички вложениот труд со нивните професори.

Страница 1 од 4

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2020 АПЛА.мк. Сите права се задржани