АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
ЈКП "Водовод" Битола како општествено одговорно претпријатие донираше вода на ЈЗУ Здравствен дом д-р Хаим Абраванел Битола, кој го спроведува процесот на вакцинација во Спортската сала во Средното медицинско училиште.
Јавното претпријатие Водовод ја информира јавноста дека нивни екипи работат на промена крак на водоводна мрежа на потегот помеѓу улиците Рузвелтова и Никола Тесла.
Екипите на ЈКП "Водовод" Битола го санираа дефектот на улица „Север- југ“ и водоснабдувањето се нормализира. Тие од раните раните утрински часови на температури под нулата работеа на отстранување на дефектот на профил на цевка F150, на ул "Север- југ " кој се случи синоќа во 23.50 часот. Без водоснабдување беа дел од станбените објекти на ул."Север-југ" и ул."Нико Фундали". Дефектот е остранет и водата е пуштена за употреба.
Во посета на Филтерницата на ЈКП "Водовод" Битола беше директорот на Институтот за стандардизација Џевад Кицара. При посетата беше извршен увид во процесот на производство на вода, а воедно се разговараше и за квалитетот на водата. Двете институции потпишаа меморандум за понатамошна соработка и за членство на ЈКП „Водовод" Битола во Институтот за стандардизација. Директорот на ЈКП „Водовод“ Горан Козаров рече дека оваа соработка е показател дека ова претпријатие ги следи светските стандарди и прописи за третман на водата и континуирано инвестира во доусовршување на вработените.
Поради реконструкција и изведба на градежни работи, промена на канализациона и водоводна мрежа до целосно асфалтирање на улицата „Илинденска“ , можни се проблеми во водоснабдувањето на потегот на истата во одредени интервали се до завршувањето на реконструктирањето на улицата, соопштија од ЈКП „Водовод“ од Битола