АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Скулптура на коњ поставена е во мариовското село Градешница, а посветена на сите жртви од Првата светска војна. Споменикот е донација на уметникот и склулптор Златко Бојковски кој живее во Скопје, но роден е во Градешница. Скулптурата е изработена за да се одбележат 100 годишнината од завршувањето на Првата светска војна. Бојковски ја изработувал три години од шрапнели од бомби кои ги собирал на Кајмакчалан и Добро Поле на местата каде се водел Солунскиот фронт. Откако го завршил делото, побарал да се постави во неговото родно село. Споменикот беше откриен денес во присуство на градоначалникот на Новаци Љубе Кузманоски.
Се асфалтира патот од село Скочивир до река Коњарка, поточно до познатото излетничко место на истоимената река. Патот што се асфалтира, а досега беше земјен и со чакал е во должина од три километри. Станува збор за инфраструктурен проект финансиран од ЈП за државни патишта на РСМ во соработка со општина Новаци. Со ова жителите од овај регион добиваат пристапен патен правец до едно од омилените излетнички места во новачкиот крај и збогатување на туристичката понуда.
„Изградбата на овој патен правец е од големо значење за жителите од овој крај .Не само што го зголемуваме квалитетот на живот на локалното население градејќи инфраструктура за сите, ја зголемуваме и туристичката понуда за овој крај кој располага со бројни културно -историски споменици кои датираат од Прва светска војна, олеснувајќи го пристапот до нив .Отсега за љубителите на убавата природа, рекреативност и одмор и излетничкото место на река Коњарка ќе биде подостапно", истакна градоначалникот на Новаци Љубе Кузманоски.
Десетина настани распределени од 27 јуни до 21 август се подготвени за овогодинешното издание на Културно-забавното лето Новаци 2019.
Со победата на екипата НИКС од Битола и освоеното прво место по дваесеттина дена фер игра синоќа се затвори 6-от по ред Меморијален турнир Пеце Матичевски во Општина Новаци .
Градоначалникот Љубе Кузманоски ги додели пехарите за освоеното I , II , III место како и за најдобар голман и најдобар стрелец .
I место освои екипата НИКС од Битола,
II место освои екипата Здг Валентин Стефановски од Демир Хисар,
III место освои екипата Бучин.
За најдобар голман беше прогласен Александар Станковски, а за најдобар стрелец Ѓорѓи Стрезовски.
Генерален покровител на турнирот беше Општина Новаци, а во пресрет како и секоја година излегоја Спортските обложувалници Евротип , Голд Слот Клубовите Гермина и Анаис.
Мариовско Старавина веќе втора година е центар на организација на кампот за обука на тимовите на општинските сили за одговор на пожари на отворен простор со завршна вежба која денеска се одржа во организација на Планинарско Горскоспасително друштво АВА КОТА 1050 Новаци како главен организатор и Дирекцијата за заштита и спасување како координатор.
Градоначалникот Љубе Кузманоски заедно со директорот на Дирекцијата за заштита и спасување г-дин Аднан Џаферовски го отворија кампот за обука и тренинг и ја следеа завршната вежба на која се симулираше акција и интервенција при гасење на пожар на отворен простор .
"Oпштина Новаци ја покрена иницијативата за обука на просторните сили за заштита од пожари на отворен простор со цел подобрување на противпожарната заштита во регионот а особено на територијата на Општина Новаци и имаме одлична соработка со Дирекцијата за заштина и спасување и со сите инволвирани старни во организирањето на ваков вид на обуки и тренинзи со завршна вежба.Овој камп се организира со цел подигнување на свеста и моралот кај граѓаните за заштина на природата од пожари како и подготневост на просторните сили од пелагониските општини за справување со пожари на отворен простор .Територијата на с.Старавина не случајно е избрана за организирање на оваа вежба бидејќи станува збор за недопрена природа која треба да ја заштитиме од евентуални пожари .И затоа како локална самоуправа даваме силна поддршка во организацијата на ваков вид обуки со цел да обезбедиме подобра заштина на овој регион- истакна градоначалникот Кузманоски .
Во знак на благодарност за активното учество на градоначалникот Љубе Кузманоски и на директорот Џаферовски од страна на Горскоспасителното друштво АВА КОТА 1050 -Новаци им беа доделени и благодарници .
Инаку на обуката која започна на 01 и 02 -ри јуни учествуваа 70 лица, припадници на просторните сили на општините од Пелагонискиот регион , ТППЕ Битола, вработените од Јавните претпријатија во општините , претставници и волонтери од Горско Спасителната служба „Ава Кота“- Новаци и доброволното противпожарно спасителско друштво „ФЕНИКС“ од Битола.Обуката продолжи и на 08 и 09-ти Јуни со завршна вежба.
Обуката во соработка со овие структури ја менторираше и менаџираше Центарот за обука на Дирекцијата за заштита и спасување. Во поддршка на целокупната активност беше и Подрачното одделение при ДЗС - Битола. На обуката беа обработени теми за опасности и мерки за заштита од пожари на отворен простор, примена на сили и средства, карактеристики на шумски пожар и тактики при нивно гаснење и менаџирање во услови на шумски пожари.