АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Се асфалтира патот од село Скочивир до река Коњарка, поточно до познатото излетничко место на истоимената река. Патот што се асфалтира, а досега беше земјен и со чакал е во должина од три километри. Станува збор за инфраструктурен проект финансиран од ЈП за државни патишта на РСМ во соработка со општина Новаци. Со ова жителите од овај регион добиваат пристапен патен правец до едно од омилените излетнички места во новачкиот крај и збогатување на туристичката понуда.
„Изградбата на овој патен правец е од големо значење за жителите од овој крај .Не само што го зголемуваме квалитетот на живот на локалното население градејќи инфраструктура за сите, ја зголемуваме и туристичката понуда за овој крај кој располага со бројни културно -историски споменици кои датираат од Прва светска војна, олеснувајќи го пристапот до нив .Отсега за љубителите на убавата природа, рекреативност и одмор и излетничкото место на река Коњарка ќе биде подостапно", истакна градоначалникот на Новаци Љубе Кузманоски.