2win800x200

За време на посетата на РЕК Битола каде се одбележа Денот на рударите, запршан дали државата ќе одговори на барањата на бизнисмените да им се помогне во справување со високите сметки за електрина енергија и да им плаќа дел од нив, министерот Бектеши рече дека државата веќе му помага на стопанството, а посочи дека има и злоупотреби како што е случајот со Општина Битола и ЈП Жабени.

Две градежни парцели кои сега се во рамките на Индустриската зона Жабени да се отстапат на Владата за формирање индустриска  зона  на државно ниво, со што инвеститорите на ваков начин ќе можат да ги користат поволностите кои важат за инвестирање во ТИРЗ-овите. Ова е иницијативна на градоначалничката Наташа Петровска, а денеска од страна на комисиите на Советот на Општина Битола, едногласно беше прифатен овој предлог за намалување на опфатот на ИЗ „Жабени“.

Канализацијата во индустриската зона Жабени била пуштена во употреба без технички прием, соопштија од Општина Битола. Формирана е комисија која треба да ја согледа цела ситуација зошто било тоа така и зошто од 2013 година до сега немало технички прием.

Во индустриската зона „Жабени“ во тек се интензивни инфраструктурни активности, асфалтирање и поставување на атмосферска канализација. 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани