АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Од 13 август магнетната резонанца во Клиничката болница во Битола ќе работи 24 часа секој работен ден, поточно до полноќ со пацинети закажани преку „Мој термин“, а потоа со лица со приоритетни и болнички упати. За време на викендите магнетната резонанца ќе работи од 8 до 18 часот, а доколку има интерес и до 24 часот, соопштија од Битолската болница. Од таму велат дека оваа пилот програма за работа на магнетната резонанца ја најави министерот за здравство Венко Филипче при посетата на Клничката болница пред пет дена. Тој рече дека ваквите мерки се преземаат во интерес на пацинетите, со цел да се намалат листите на чекање.
Со донации реновирани се дневната болница и тоалетите на Детското одделение при Клиничката болница во Битола.
„Ова се донации за подобрување на условите во Детското одделение. Фирмата ‘Бобфант’ изврши реконструкција на цела дневна болница заедно со тоалетот. Потоа, Ротари клубот ‘Широк Сокак’ го реновира санитарниот чвор, односно два тоалети и две капатила. Донации доаѓаат од секаде, имаме други фирми кои сакаат да помогнат. Сето ова е за подобрување на условите на Детско одделение и најмногу за нашите пациентчиња“, рече Ленче Петровска, главна сестра на Одделението.
Почнаа да се вршат нови анализи на Одделението за лабораториска дијагностика при Клиничката болница од Битола, соопшти портапролката Сузана Конеска.
Младите ротаријанци од Ротаракт клубот „Широк Сокак“ со донација во постелнини и други текстилни материјали ги подновија одделенијата каде на свет доаѓа приновата во градот, Гинеколошкото одделение и Одделението за неонатологија при Клиничка болница во Битола. Донацијата е во вредност од 1300 евра односно 80 000 денари и се состои од постелнини, и тоа јоргани, перници, заштитници за душеци, баљарки, крпи со висок квалитет.
Како што изјави портпаролката на болницата Сузана Конеска, со ова се покрија потребите од ваков тип на постелнини и други материјали на овие две одделенија.
Менаџерскиот тим на Клиничката болница Битола во свое име и во име на пацинетите им се заблагодари на донаторите и изрази надеж дека соработката со Ротаракт клубот „Широк Сокак“ од Битола, предводен од претседателот Јане Велковски, ќе продолжи и понатаму.
Договор за соработка во областа на хирургијата, денеска потпишаа директорите на болниците во Битола, Корча, Албанија и Лерин, Грција. Станува збор за соработка во областа на хирургијата и воведување нови методи на лечење, кои досега не се применувале во овие три болници. Проектот е подржан од европските фондови, а ќе се реализира со врвни едукатори од земјите на ЕУ.